3.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаГрадоначалникот на Куманово им сврти грб на СДСМ: Мојата земја е Македонија,...

Градоначалникот на Куманово им сврти грб на СДСМ: Мојата земја е Македонија, мојата нација е македонска

spot_img

Мојата земја е МАКЕДОНИЈА. Мојата нација е МАКЕДОНСКА

Нашите предци биле МАКЕДОНЦИ, ние на овој свет дојдовме како такви и нашите потомци ќе заминат како такви а нивните внуци и правнуци ќе останат МАКЕДОНЦИ, архитипот ќе се пренесува од колено на колено!

Државата ни се нарекуваше Демократска Федерална МАКЕДОНИЈА, Народна Република МАКЕДОНИЈА, Социјалистичка Република МАКЕДОНИЈА, Република МАКЕДОНИЈА, денеска Република Северна МАКЕДОНИЈА, од историски познати причини сплет на околности и услови со повеќепати менуван и надополнуван Устав.

Нацијата ни ја официјализира КПЈ кога ја призна КПМ со што предците наши го остварија вековниот стремеж на многу генерации да се избориме за идентитетско признание, борците на НОБ во духот на илинденците и партизаните во антифашизмот се изборија за независна држава во која покрај нас Македонците живеат и Албанци, Срби, Турци, Роми, Власи, Бошњаци и др.

Овој голем меѓународен ден на работникот и работничката класа која од 45та до 80та под лидерство на Тито за помалку од 35 години со лопата и крампа создаде се, од тогаш наваму со багер се руши тоа што беше градено и сеуште неможе да се сруши и во континуитет се распродава.

Се можеме да срушиме и повторно да изградиме но по историјата и идентитетот не смееме да си чепкаме, тоа е наше и на сите кои живееле, живеат и ќе живееме заедно.

Вергината била и ќе биде дел од таа историја и истата со брусалица не се брише, таа или ја имаш заедно со останатите чувства во себе или пак никогаш не била во тебе.

Во мојот досегашен четириесет и четири годишен живот, неколкупати се чувствував многу горд како човек, првиот пат на матурската, втор пат во АРМ, трет пат кога станав родител и се роди мојот син Милан, подоцна уште два пати за Вероника и Димитар, станав градоначалник на најголемата општина и тоа се моменти на исполнетост но и одговорност кои им ги посакувам на сите да ги почувствуваат но исклучително е чувството на свечената обврска во АРМ и тоа сме го споделиле многумина од тогашните генерации во нашата МАКЕДОНИЈА.

Млади војничиња, полни со желба за докажување,нашата војничка чојана униформа од шеесетите години останата по магацините од ЈНА која што заедно со моите другари далечната 94та ја носевме во касарната Ѓорче Петров во Скопје, пушките М48 од магацините на тогашната ТО (паповки добивме само за денот на заклетвата), се редевме во ешалоните на војничката писта, гордо ја пеевме ДРЖАВНАТА ХИМНА и со денови сите рамо до рамо различни по вера и нација вежбавме и марширавме за тој ден, така не учеше државата, да ја сакаме, да и се заколнеме на верност, доколку е потребно и животот да го дадеме за неа како што предците наши се колнеле на Светата книга, пиштол и кама, за жал денеска многумина се колнат на “жими мајка”, лидери, функционери, власт, опозиционери со години, тогаш студираа, одлагаа, полагаа но не одслужија ниту девет месеци задолжителен воен рок, тоа за нив беше губење на време, но денеска се први да и служат од некоја позиција на државата.

Тој ден дојдоа нашите родители, сите исполнети и насмеани, моето цело семејство дојде со радост, на моите другари исто така, среќа, солзи радосници сликање со старите апарати на филм, шкљоцаа на сите страни.

Помеѓу моите беше и братучедот мој Иван, тогаш дете, денеска татко на две прекрасни дечиња, се радуваше на пушката, татко ми, мајка ми, сестра ми сите горди, другарите и другарките среќни, цвеќе, насмевки на сите страни, на Надица пред да заминам и кажав дека откако ќе одслужам ќе ми стане девојка а денеска ми е прекрасна сопруга.

Како да ја избришам ВЕРГИНАТА на мојата чојана униформа, како да ги избришам тие спомени, како да си ја избришам сопствената историја. Ех, дојде време невреме, политика, поделба, грабеж, надмудрувања, интриги, ѓаволот влезе помеѓу нас.

Денеска братучедот мој Иван е активист на ВМРО Дпмне а јас висок функционер на СДСМ но колку и да сме идеолошкинразлични кога излегов пред некој ден од дома со болничка кола очите му беа полни со солзи, крвта е крв, боли за своето секогаш, а сепак малку сме.

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ бил Бугарин толку колку што моето кумче кое студира во Бугарија е Бугарин кога ги полага испитите на факултетот а професорот ќе го праша како се чувствува, знам дека е горд Македонец докажан по ген, внук на првоборец, сепак мудриот премолчува, кумството ми е шест генерации и ќе продолжи ќе даде бог.

Последно време Бугарскиот пасош за нас стана прозорец кон Европа го земаа многумина, разбирливо, животот оди мора да се работи создава и заработува за живот, каде? нормално во Европа, таму каде што сакаме сите, со модерниот и богатиот свет.

Бугарија ни е братска држава исто како и Србија, многу сме измешани и поврзани но сепак треба да се знае дека Македонец не се создава, тој се раѓа, така било и ќе биде!

Со Албанците живееме со векови на овие простори, секој си држи до своето но предците ни живееле и се очитувале и помагале и ние ќе продолжиме да живееме заедно во граѓанска држава во која ќе се цени и почитува индивидуата и способноста а не етничкста или партиска припадност, Албанија ни е партнер и пријател.

Едни ми велат “комуњара” други “вмровец” сум бил Југо носталгичен, сум ја имал вергината на профилот (сликата ми е драга ја фотографирав 2009та низ убавите охридски улици), како и да ме нарекуваат јас ќе бидам истото како и тие МАКЕДОНЕЦ со своја глава и став!

Сосема на крајот да се извинам однапред на сите доколку несакајќи навредив некој со моиве зборови, ве почитувам и сакам сите, нека ми простат другарите и блиските што ќе ги објавам овие слики од едни убави времиња кои се составен дел на мојата историја.

Ќе се освестиме и обединиме сите или ќе го посееме раздорот врз нашите потомци како што тоа го погрешија нашите предци, ЗАЕДНО МОЖЕМЕ СЕ, доста беа поделбите.

Големите нации станаа големи бидејќи сватија дека заедничките спомени треба да обединуваат, не да разделуваат.

– Заедно ќе ја згазиме короната но и ќе ја изградиме иднината!

Фејсбук статус на Максим Димитриевски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...