6.1 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонија„Беса Транс“: Не организираме екскурзии за Истанбул, туку помагаме да се откријат...

„Беса Транс“: Не организираме екскурзии за Истанбул, туку помагаме да се откријат причините за несреќата

spot_imgspot_img

Туристичката агенција „Беса транс“, чиј автобус изгоре во Бугарија минатиот месец и загинаа 45 патници од Македонија, во објава на Фејсбук демантира дека од јануари идната година продолжува да организира екскурзии за Истанбул, Турција.

„На 8 декември, се појавија шпекулации дека „Беса Транс ДООЕЛ‘, наводно, од јануари 2022 година повторно ќе вози патници (екскурзии) од Р.С. Македонија до Турција и обратно. Целосно ги демантираме таквите шпекулации и ја известуваме пошироката јавност дека ’Беса Транс ДООЕЛ‘ ниту може, ниту сака да организира транспорт (екскурзии), бидејќи компанијата е фокусирана на соработка со институциите на Р.С. Македонија и Бугарија, за брзо да се откријат причините за ужасната несреќа“, се вели во објавата на Фејсбук-страницата на агенцијата.

Како што објави денеска ТВ24, новинарска екипа од телевизијата се јавила на телефонскиот број на агенцијата, а оттаму одговориле дека турите за Турција продолжуваат од јануари, но дека сè уште немаат точни датуми за екскурзиите.

Во автобуската несреќа што се случи на 23 ноември во Бугарија животот го загубија 45 македонски државјани враќајќи се од екскурзија во Истанбул.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...