-1.1 C
Ohrid
недела, декември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаФилипче: Хронично болните со КОВИД-19 се лекуваат дома поради нивна заштита од...

Филипче: Хронично болните со КОВИД-19 се лекуваат дома поради нивна заштита од болнички инфекции

spot_img

Многу хронично болни пациенти се лекуваат во домашни услови, најчесто со консулатција по телефон со матичен лекар. Тоа се ризични групи на луѓе кои треба да бидат под лекарски надзор, но во болница се примаат кога ќе им се влоши состојбата. Во државата се уште има капацитети кои се празни, а празна стои и мобилната болница кај Инфективна клиника.

НОВА го праша министерот Филипче дали се уште смета дека лекувањето по телефон дава резултати, особено за хроничните случаи кои се заболени со КОВИД-19, како и зошто тие не се хоспитализираат веднаш за да бидат под лекарска контрола, на што тој одговори дека за нив не е добро да бидат во болнички услови.

„Лицата со коморбидитети треба да се подалеку од болниците бидејќи тие се подложни на инфекции кои ги има таму. Со лекувањето во домашни услови тие се заштитетни. Лекувањето по телефон е само консултација“, рече Филипче.

Сепак, меѓу починатите има случаи кои имале преходни заболувања, се лекувале дома и починале на пат кон болница, во брзата помош, како и неколку кои починаа дома.

Од околку 2.300 тестирања во рамки на скринигот во Дебар кај 35 лица биле детектирани антитела, информира министерот Филипче. Тој рече дека еден дел биле луѓе кои биле заболени, а друг дел по случаен избор.

„Еден мал процент граѓани кои имаат имунитет е уште еден доказ дека нашата стратегија да не се прави скрининг со серолошките тестови во оваа фаза, практично е успешна, заради тоа што не може да не донесат до никаков посебен заклучок, за нешто што можеше да придонесе за димензионирање на мерките. изјави Филипче.

Тој во рамките на скринингот за кој не објасни кога и како ќе се применува, рече дека е време да се направи дека така може да се лоцираат асимптоматските случаи кои може да бидат скриено жариште.

„Но и од таквите случаи сме заштитени ако ги применуваме мерките, носиме заштитни маски и држиме дистанца“, рече Филипче.

Тој ги повтори бројките дека денеска се регистрирани 47 излекувани пациенти и тоа во Скопје-9, Куманово-9, Прилеп-8, – Тетово 13, Охрид 1, Гостивар 5 и во Кочани и Крива Паланка по еден оздравен пациент.

„За жал, имаме и еден починат пациент, утрово на Инфективната клиника во Скопје, пациент на 65 години, кој бил хоспитализиран на 27 април. Во однос на бројката на новодијагностицирани, денеска се дијагностицирани седум нови случаи. Во Скопје и Прилеп по еден, во Тетово четири пациенти и во Кратово еден новодијагностициран пациент“, рече Филипче.

Вкупната бројка дијагностицирани, од почеток на епидемијата изнесува 1.518 лица, од кои оздравени се 992, починати 85, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 441 пациенти со КОВИД-19.

Во изминатите 24 часа направени се 113 тестови, односно вкупно се 17.359 тестирања од почеток на кризата.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се примени двајца нови пациенти, вкупно се хоспитализирани 41, на кислородна поддршк се 21 пациент, а еден пациент е на респираторна машина. Во ГОБ „8 септември“ се примени тројца нови пациенти, вкупно се хоспитализирани 24, на респираторна машина се пет пациенти и уште тројца се со нешто потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се лекуваат четворица пациенти, во болницата во Штип, исто така четворица, а и во двата града се следат пациенти на домашно лекување. На инфективните одделенија во болниците во Прилеп, Велес, Куманово, Гостивар и Тетово се хоспитализирани 46 пациенти.

нова тв

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...