0.7 C
Ohrid
среда, декември 25, 2024
ПочетнаСветПо раѓањето ми го украдоа братот близнак: Потоа еден ден тропнав на...

По раѓањето ми го украдоа братот близнак: Потоа еден ден тропнав на неговата врата

spot_img

Сѐ започна тој 7 мај 1979 година, кога мајката Надица Миљковиќ ги донела на свет двете момчиња близнаци. Не се посомневала ни таа, а ниту еден од тукушто родените момчиња дека нема да живеат заедно, туку разделено.

Иван и Немања Миљковиќ, браќа близнаци, родени во Свилајнцу, а веќе утредента од породилното одделение без мајка им биле префрлени во Белград, поради, како што вели, наводна – вода во белите дробови. Ова е почеток на приказната која за Телеграф ја раскажа Иван Миљковиќ од Белград, кој според неговото сведоштво го разделиле од братот близнак уште додека биле новороденчиња.

„Во протоколот кој следува по пораѓајот каде се запишуваат податоците за новородените бебиња докторите напишале дека „едно дете е болно“, додека другото е потполно здраво. Тие однапред знаеле дека наводно едното дете ќе умре, иако тоа никогаш не се случило. Дури утредента, поточно на 8 мај 1979 година докторите соопштиле дека едното дете умрело, а дека другото е во тешка состојба“ – раскажува Иван. Кога дознал дека едното дете му умрело, неговиот татко Зоран Миљковиќ побарал од докторите да го види телото на бебето и да го погребе како што наложуваат обичаите.

„Му кажаа дека не може и дека му е подобро да го чува она што му останало, мислејќи на другото дете, во овој случај на мене. Моите родители во почетокот не се сомневале, бидејќи имале голема доверба во институциите. На крајот им кажале дека целата документација ќе им пристигне на домашна адреса.“

Годините поминувале и дури по повеќе од 20 години, во 2003 година, кога во медиумите започнало да се зборува за кражба на бебиња и кога слушнале за една ситуација слична на нивната, започнале да се сомневаат, вклучувајќи го и Иван.

„Таа година, поминаа точно 24 години од раѓањето на мојот брат близнак, кој наводно е прогласен за мртов и мене. Се пуштивме во потрага, сакавме да видиме што се случило со нашиот Ненад. Со собирање на документацијата заклучивме дека гробното место не постои, дека нема ниту еден документ за смртта, не постои дури ниту лекарска потврда за смртта од Институтот“ – ја продолжува приказната Иван и се присетува како ја започнал потрагата по својот брат, за кој секогаш имал некое чувство дека е жив. Во која институција и да се обрателе, секаде нешто недостасувало.

„За него постои само матичен лист од отпусната листа, а за мене постои матичен лист од отпусната листа и отпусната листа, што значи дека неговата отпусна листа замила со него во новото семејство.“ Тоа им било првиот сигнал дека нешто не е во ред и дека треба да продолжат со потрагата.

„Тогаш се обидовме да дојдеме до податоците и информациите за гробното место. Во управата на Новите гробишта во Белград не постои податок дека Ненад Миљковиќ е погребан. Низ останатите документации наидовме на голем организиран криминал. Во матичната книга на родени, веднаш по раѓањето, на мојот брат близнак и на мене ни се дадени исти матични броеви. Тоа значи дека од двајца направиле еден, за да им се вклопи во статистиката и секогаш кога би се внел матичниот број ќе се препознае само еден. Значи, еден е правно починат за да му се направи нов идентитет во некое ново место, во некое ново семејство. На основа на неговиот матичен број и на основа на книгата за државјанство дојдовме до Ненад и неговата точна локација.

 

„Поседувам и уверение за државјанство на кое јасно стои класификациона ознака 201, која е за промена на индетитет. Од документацијата најпрво дојдовме до податокот кој е, а со понатамошните акктивности утврдивме каде точно се наоѓа.“ Тие стапиле во контакт по 24 години од нивното раѓање. Тогаш Иван го побарал на телефон и се договориле да се сретнат.

„Го повикав на телефон и му реков: „Здраво, овде е Иван.“ Ме праша: „Кој Иван?“, а јас му одговорив: „Твојот брат близнак“. Набрзо потоа и сам тропнав на неговата врата, се сретнавме и пресреќни сме што на крајот се запознавме.“

Сега се во контакт, постојано се слушаат и кога се во можност се гледаат. Направиле и ДНК анализа и потврдиле дека се биолошки браќа. Меѓутоа, Иван нема да застане додека потрага не ја доведе до крај и додека одговорните луѓе за оваа ситуација не излезат пред лицето на правдата.

„Барам одговорност од сите, па и од нарачателот, бидејќи не треба и нив да ги изоставиме од целата оваа приказна, тие многу добро знаеле што прават. Сега предметот ми е во Првото основно обвинителство и е во фаза на обработка. Таму работат по прашањето на предистражна и истражна постапка, по кој знае кој пат. Мојот брат беше украден од раѓање и бевме разделени толку години, сега сакам правдата да биде задоволена.“ Нивната борба за правда трае веќе 13 години и како што вели Иван, ќе трае додека не се докаже вистината.

машкимагазин

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Курто Дудуш ги повика скопјани Новата Година да ја дочекаат во Шуто Оризари

Градоначалникот на Шуто Оризари ги повика скопјани на 31 декемри да дојдат на плоштадот во општината, најавувајќи богата музичка програма. „Покрај недостатокот на елементарна способност...

Повторно избувна скандал: Тијана се брани дека некој и го сменил текстот за Дачиќ.

Многу ми е жал што случајно излегов на сцена со текст кој е сменет без мое знаење“, порача Тијана Тодевска Дапчевиќ по, според дел...

Газда за пример: По 670 евра за секое новороденче, а 1000 евра за секој што се враќа од странство

ДИВ Групацијата на претприемачот Томислав Дебељак е пример за компанија која вистински се грижи за своите вработени “Не е се во профитот“ – изјави Томислав...

АХВ изврши надзор – во новогодишни пакетчиња за деца пронајдени производи со поминат рок

Инспектори од Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), минатата недела спроведоа вонредни надзори во магацини за пакување на новогодишни пакетчиња, маркети и продавници...