4.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаСветБугарската академија сега тврди дека и српскиот јазик е бугарски дијалект

Бугарската академија сега тврди дека и српскиот јазик е бугарски дијалект

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Бугарската академија на науките (БАН) во фамозната книга „За официјалниот јазик на Република Северна Македонија“ не го присвојува само македонскиот јазик, туку тврди дека и српскиот произлегол од бугарскиот.

<

Во неодамна објавеното дело БАН наведува дека се бугарски корените на јазикот во краиштата од Дунав до Гевгелија и од Копаоник до Тимок, Пчиња и Охрид.

За ова здружението „Спона“ од Македонија ја известило Српската академија на науките и уметностите (САНУ) да реагира, а тоа го стори Виктор Савиќ од Институтот за српски јазик на САНУ и од катедрата за српски јазик на Филолошкиот факултет во Белград.

Тој за ТВ Прва ја нарекува „памфлет“ книгата на БАН и вели дека српскиот јазик, како и сите словенски јазици, потекнува од прасловенскиот и оти во времето кога се формирал српскиот, Бугарите воопшто не биле Словени.

Савиќ додава дека Бугарите дошле подоцна од Србите на Балканот и оти тогаш ѝ припаѓале на турската група народи, како и некои други номади што поминувале во овие краишта.

„Словените кои се нашле на територијата на Бугарија во тој момент се асимилирале и почнале да се идентификуваат како Бугари, додека нашиот идентитет се формирал исклучиво како српски“, објасни историчарот на српскиот јазик.

Еден дел од српските говори им припаѓа на призренско-тимочките говори, кои се формирале на територијата на денешна Метохија, па со миграциите се развлекле и до Софија и малку на територијата на денешна Македонија, наведува Савиќ и додава дека Бугарите сметаат дека овој говор е всушност бугарски, бидејќи има поедноставна граматичка структура и личи на нивниот јазик.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV

Премиерот Христијан Мицкоски во негово и во име на Владата го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Лав XIV. - Изборот на...

Американецот Роберт Превост е новиот папа – Неговото ново име е Лав XIV

Откако над Систинската капела беше пуштен бел чад, што означуваше дека кардиналите го избраа 267-от поглавар на Римокатоличката црква, беше објавено кој е новиот...

Пуштен бел чад: Избран е новиот папа!

Бел чад е испуштен од оџакот на Сикстинската капела што значи дека е избран нов папа. Кардиналите попладнево одлучиле за наследник на папата Франциск односно...