10.4 C
Ohrid
петок, март 14, 2025
ПочетнаМакедонијаФилипче: Toчно знам што правиме, јас сум сигурен дека ќе се справиме...

Филипче: Toчно знам што правиме, јас сум сигурен дека ќе се справиме со оваа болест бидеќи имаме доволно капацитет и стручен кадар во болниците.

spot_img

Состојбата на здравствениот систем, капацитетите на згрижување пациенти, големиот број слободни болнички кревети, нискиот број заразени здравствени работници, бројот на слободни респираторни машини, познатите кластери, што го потврди оваа интензивна активност, во изминатите неколку денови од анализа на контактите и сите други индикатори, укажуваат дека точно знаеме што се случува и имаме капацитет да се справиме и со овој бран на болеста, истакна на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

<

Според него, има суштинска работа меѓу првиот и овој бран. Тогаш, посочи, не знаевме што може да очекуваме, не знаевме колку може да се прошири вирусот, имаше многу непознати и за самиот вирус не знаевме колку може да го оптовари здравствениот систем.

– Сега имаме друга состојба, имаме веќе знаење, ресурси, сериозно надграден здравствен систем и во однос на капацитети за сместување, и во однос на медицинска опрема и во однос на знаење на здравствените работници. Тоа е задачата на системот да биде организиран и подготвен, односно да сме сигурни дека можеме да се носииме и со овој бран, рече Филипче.

Тој апелираше до сите граѓани да ги почитуваат мерките на лична заштита, протоколите на движење, држење дистанца и ги повика надлежните тоа да го контролираат и да го санкционираат таму каде има прекршување, бидејќи, како што појасни, тоа е единствениот начин да се заштитиме и да го спречиме ширењето на вирусот./МИА/

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пуцко Петрол: Никогаш не сме доставувале мазут до ЕСМ

Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се споменува во целиот случај, и никогаш не доставувала мазут до ЕСМ. . Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се...

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...