22.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаАлександар Маленко распали по охридскиот градоначалник: Ти си само восочна фигура не...

Александар Маленко распали по охридскиот градоначалник: Ти си само восочна фигура не и градоначалник, ти дозволи да дојдат гости овој викенд со што ги воведе во опасност своите сограѓани..

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Некогашниот најдобар македонски пливач Александар Маленко, распали по охридскиот градоначалник во врска со напливод на гости кои го укупираа градот Охрид.

<

Вчера и денес имаше големи полемики на социјалните мрежи околу тоа дали жителите на Скопје требаше масовно да одат во Охрид, но и во други места низ државата и со тоа можеби да придонесат за ширење на вирусот и онаму каде што во моментов го нема.

Еве што денес напиша Александар МАленко на актуелната тема:

„Колку е политика длабоко навлезена во секоја пора од нашево општество доволно говори факт што Градоначалник на Охрид не најде за сходно да излезе навремено (Среда, ден пред да се соопштат мерки од Влада и Портпарол Вилипче) на прес конференција во заштита на свои сограѓани, совесни граѓани и соопшти :

Секој е добредојден во Охрид на викенд, одмор, исклучиво со негативен корона тест
не постар од 72ч.

Дезинфекција 10 еуро за секој автомобил, како и 5 еуро туристичка такса по лице.

И да, ќе беше нападнат од разно разни куртон новинарчиња, партиски портали и медиуми, ама со одговор од две реченици ќе им затнеш муцки напучени полни само со рекла казала.

Затоа што се грижам за здравје на свои сограѓани во време на светска пандемија-COVID 19, и имам потполно право да донесувам одлуки од локален карактер.

Затоа што сопственици на викенд куќи и станови не плаќаат ѓубретарина,комуналии и вода (исклучок 2% совесни граѓани)

Затоа што надвор од МКД ѓи плаќате сите нови туристички такси воведени секое лето, па така ќе мора и дома совесно да постапувате.

Ама Ти Градоначалник не можеш ова да го направиш затоа што си само обична восочна фигура, партиски полтрон и немаш свое Јас!“

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...