30.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаСлучај „Боемска“: Мицкоски бил во друштво на екс-директор на УБК, а непоканет...

Случај „Боемска“: Мицкоски бил во друштво на екс-директор на УБК, а непоканет се појавил и командирот на „Тигрите“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во непосредна близина на објектот, како и во самиот објект забележани се полициски службеници кои по описот на своите работни места не требало да бидат таму, по што биле повикани припадници на ЕБР, вели дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи. Неофицијално, станува збор за командирот на „Тигрите“, Ивица Бисовски, кој се гледа со Мицкоски на снимката од теретаната

Едно од лицата со кои Христијан Мицкоски бил во кафеаната на улица „Боемска“ во скопско Дебар Маало е поранешен функционер, а сегашен службеник во Министерството за внатрешни работи, потврди дополнителната заменик-министерката за внатрешни работи, Славјанка Петровска.

<

Неофицијално, станува збор за екс-директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Љупчо Андоновски. Тој сега е ангажиран како советник во кабинетот на актуелниот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев.

На денешната прес-конференција, Петровска рече хронологијата на овој настан почнува со тоа што на 3 јуни околу 18:30 часот инспекторите од Државниот пазарен инспекторат извршиле вонредна контрола на угостителските објекти на улицата „Боемска“ во Дебар Маало, со цел да се утврди дали тие ги почитуваат новите мерки за спречување на ширењето на ковид-19. Таа вели дека со оглед на тоа што овие се редовни активности на инспекторите, тие претходно не побарале полициска асистенција.

Според она што Петровска го сподели со јавноста, вработени во „Чардак“ на инспекторите не им дозволиле да извршат надзор во внатрешниот дел, со образложение дека немаат клуч од тој дел. Кога инспекторите се оддалечиле од тој објект и заминале по другите објекти, забележале дека токму од внатрешноста излегуваат неколку лица.

Потоа, тие се вратиле во „Чардак“ и инсистирале да им биде овозможено да се изврши надзорот согласно законските прописи. Еден од очевидците повикал полиција на местото на настанот. Во меѓувреме, пристигнало лице кое се претставило како сопственик на кафеаната и го отворило внатрешниот дел, а инспекторите извршиле увид. Тие не затекнале гости, но имало употребени садови и чаши и остатоци од храна што, според Петровска, упатувало на тоа дека тој дел бил користен од некого.

Петровска најави дека ќе следуваат кривични пријави за сите што ги прекршиле мерките, но и соодветни пријави за попречување на работата на инспекторите. Таа рече дека се води постапка и за полициските службеници кои биле пред објектот, а во моментот не биле на работна задача.

Во врска со снимките од безбедносните камери на кафеаната таа потврди дека се обезбедени и дека се врши вештачење за утврдување на присутните лица.

 

извор 360.mk

 

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...