9.4 C
Ohrid
сабота, април 27, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев: Ако ДУИ има ваков услов за владина коалиција, тогаш нема да...

Заев: Ако ДУИ има ваков услов за владина коалиција, тогаш нема да биде дел од идната Влада

spot_imgspot_img

Премиер Албанец е роденденската желба на Али Ахмети, за 18-от роденден на ДУИ. Бара обединување на албанските гласачи и солидарност во партијата и подава  рака за соработка со другите партии, веќе од следните избори.

Заев веднаш му врати на Фејсбук со потсетување дека, во нашата земја мандатар за претседател на Влада може да биде секој граѓанин кој ќе обезбеди поддршка од најмалку 61 пратеник и дека пратениците се бираат според волјата на граѓаните, а не според етничката припадност.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, пак, останува на ставот дека избори на овој датум не се можни. Вели дека, покрај лошата здравствена ситуација, на многу места е и физички невозможно да се организира гласање, а да се запазат здравствените мерки. Смета дека, и да се зголеми временскиот рок за гласање, на 20 до 30 отсто ќе им биде ускратено правото да гласаат.Доколку сепак, се одржат избори, ќе инсистира на нови изборни листи. Ако неговата партија ги изгуби изборите, ќе се повлече од функцијата.

СДСМ го предложија 5 јули како последен изборен датум, со образложение дека на државата ѝ се потребни функционални институции.

Далиборка Демјанска -Канал5

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...

Сиљановска Давкова од Крушево: Крушевчани имаат на што да бидат горди, ќе покажам и ќе докажам дека сум тука поради граѓаните, не поради себе

Во своето обраќање пред граѓаните на Крушево, Сиљановска-Давкова порача: „Морам да кажам дека тука во Крушево има куќи кои се бисер на македонската архитектура,...

Пендаровски: Не мислам да бојкотирам туку да победам

Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија, Стево Пендаровски, по големиот пораз во средата, денеска ја продолжи кампањата со средба со жителите на Крушево. „Борбата...