16.4 C
Ohrid
недела, јули 6, 2025
ПочетнаЗдравје и убавинаКинезите биле во право: Оваа крвна група е дефинитивно најподложна на потешки...

Кинезите биле во право: Оваа крвна група е дефинитивно најподложна на потешки симптоми на коронавирус

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Германските и норвешките лекари ги потврдија претпоставките на своите кинески колеги дека крвната група игра одлучувачка улога во развојот на заболување од коронавирус.

<

 

Кинеските научници уште на почетокот на март открија дека лицата со крвна група А имаат потешки симптоми на заболување од оние со крвна група О (нулта).

Научници од универзитетите во Осло и Кил, врз основа на извршени 1.610 крвни анализи кај лица со потежок развој на болеста, кои се наоѓаат на респиратори, докажале дека веројатноста за тоа е поголема кај лицата со крвна група А. Инаку, примероците кои биле анализирани се од посебно погодените региони на Италија и Шпанија.

Предстудијата, под водство на норвешкиот научник Том Карлсен и Германецот Андре Франке, дошла до заклучок дека кај пациентите со крвна група А е двојно поголема веројатноста да им биде потребен респиратор отколку кај лицата со крвна група О.

Утврдено е дека лицата со крвна група О имаат заштитен ефект, врз основа на кој имаат и помал ризик од зараза. Во Германија, 37 отсто од населението се со крвна група А+, 35 отсто со крвна група О+, а по 6 отсто со крвна група А- и О-.

“Крвната група во основа може да биде фактор ризик за заболување”, истакнува професорот по интерна медицина од универзитетот Грајсфсвалд, Маркус Лерх.

Професорот истакнал дека треба да се земе предвид крвната група при утврдување на одредени хронични болести.

Професорката по интерна медицина на виенскиот универзитет, Ренате Хајнц, која веќе подолг период се занимава со поврзување на крвните групи со хроничните болести, наведува дека во кардиологијата е познато дека лицата со крвна група А, Б и АБ имаат поголема веројатност да заболат од коронарни болести.

“Шест отсто од срцевите заболувања можат да се поврзат со “неповолна” крвна група”, наведува Здружението на германски кардиолози.

Извор Точка

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...