17.9 C
Ohrid
среда, мај 8, 2024
ПочетнаМакедонијаОд лекарската комора обвинуваат дека во Македонија има лекари кои не веруваат...

Од лекарската комора обвинуваат дека во Македонија има лекари кои не веруваат во Ковид-19 и не ги праќаат пациентите на тестирање.

Лекари не веруваат во постоење на коронавирусот и не ги праќаат пациентите на тестирања за Ковид-19. Ова со загриженост го констатира Лекарската комора на Македонија која преку соопштение информираше дека еден дел од лекарите се однесуваат спротивно на официјалните протоколи, медицината базирана на докази и кодексот на медицинската деонтологија.

„Овие колеги не ги пријавуваат заболените за тестирање и ги лекуваат во домашни услови, а некои дури сметаат и дека вирусот не постои или се работи за заговори, со што се зголемува ризикот од ширење на инфекцијата“, се наведува во соопштението од Лекарската комора на Македонија.

Претседателката на Комората на лекари, Калина Гривчева – Старделова за Телма вели дека ваквите сознанија се доставени до Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести.

„Не е тоа голем број на доктори, меѓутоа еден мал, кој постои, ги лекуваат ги третираат пациентите дома, како настинка. Тоа подразбира дека ако третираш пациент дома не го тестираш. Основниот проблем е во тоа што пациентите кога ќе се препознаат дека настинката не поминува така лесно, дека не било лесна настинка, тогаш ги упатуваат во болница и најчесто се во сериозно тешка состојба. Еден дел од тие починати пациенти се затоа што се и касно донесени во болница, во тешка општа состојба“, вели д-р Калина Гривчева – Старделова, претседателка на Лекарската комора на Македонија.

Некои од лекарите дури и јавно на своите профили на социјалните мрежи објавувале дека коронавирусот не постои, што е документирано од страна на Комората.

За ваквотот прекршување на лекарскиот кодекс што можеби довело и до смртни случи Лекарската комора велат дека за понатаможно постапување прво ќе почекаат одговор Министерството за здравство и Комисијата за здравство.

„Јас, искрено, би почекала сето ова малце да стивне околу бројот на заболени. Докторите сега треба да се ангажирани во борба со вирусот. Треба да се ангажирани, што и се, најголем дел од нив“, смета д-р Калина Гривчева – Старделова.

Од Лекарската комора, од лекарите кои не веруваат во коронавирсот, бараат да ги остават на страна личните убедувања и да постапуваат според препораките на СЗО и здравствените власти во земјава.

„Бараме од сите вас да си ја исполните својата обврска кон пациентите со доследно придржување кон протоколите и начелата на медицината базирана на докази, добрата клиничка пракса и кодексот на медицинската етика и деонтологија!“, бара Лекарската комора од сојата фела.

Сè друго, наведуваат од Комората, го руши уледот на лекарската фела.

Тамара Грнчароска

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонските ракометари вечерва против Фарски Острови

Македонската машка ракометна репрезентација вечерва на гостински терен во Торшавн го игра првиот натпревар против Фарски Острови од баражот за пласман на Светското првенство...

Жена од Скопско тешко повредена: Ја прегазил трактор

Вчера во 18.55 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во с.Р`жаничино, скопско, трактор „ИМТ“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.К.(50) од с.Р`жаничино,...

Македонија денес ќе добие претседател – бојкотот не успеа!

До 17 часот на претседателските избори гласале 452.412 гласачи. Овој податок го пласираше ДИК од податоците пристигнати од 2040 избирачки места. ДИК информира дека...

Излезеноста е над 40%, Македонија постигна цензус!

Државната Изборна комисија излезе со најновите информации за излезноста на двојните избори до 17 часот. За претседателските избори излезноста е 42.32%, додека за парламентарните 46,93%. Вкупно...