30.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаВладата пресече, Пазарниот испекторат ќе ги затвори Објекти на плажи,чиј концесии се...

Владата пресече, Пазарниот испекторат ќе ги затвори Објекти на плажи,чиј концесии се истечени или работат на диво.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Договорите за закуп на плажа кој ги имале операторите ,а кој договор  е истечен или пак раскинат, мора да ги вратат земјиштата во првобитна состојба,пред да им биде доделена концесијата, се вели во уредбата со законска сила која Владата . Со неа се опфаќаат и нелегалните стопанственици со плажите во Охрид кои узурпирале 25 локации на охридското крајбрежје. Проверка нема да врши општинскиот инспекторат, туку контролата ќе ја врши Пазарниот инспекторат и Управата за јавни приходи, кои од нелегалните стопанственици ќе треба да бараат договор за закуп, а  доколку тие го немаат, тогаш согласно законите ќе тие ќе бидат казнети, а нивните објекти затворени.

<

Уредбата со законска сила ќе резултира со враќање на  плажите во целосно владение на Општина Охрид, се додека, физички или правни лица не склучат нов договор за концесија по пат на Јавна аукција

„Владата денеска ја дополни Уредбата со законска сила за примена на Законот за градежно земјиште за време на вонредна состојба, со која се задолжува закупецот да го врати во првобитна состојба градежното земјиште кое било предмет на краткотраен закуп предвидено со урбанистички план или урбанистичко-планска документација за плажа, а за кое временскиот рок за краткотраен закуп е истечен или договорот за краткотраен закуп е предвремено раскинат“, се вели во уредбата на Владата.

Оваа уредба ќе важи до крајот на годината. Доколку некој од економските оператори, нема концесија за користење на плажа, одбие да постапи согласно уредбата со законска сила и да ја врати  плажата во првобитна состојба, во тој случај  инспекторите од Пазарниот инспекторат,должни се да постапат согласно уредбата со законска сила и истиот објект да биде затворен.„Надзорот над вршењето на дејноста во рамки на Градежното земјиште предвидено со урбанистички план или урбанистичко- планска документација за плажа, се врши од страна на Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи, a не постапувањето од страна на закупецот во согласност со член 2-а од оваа уредба, претставува основ Државниот пазарен инспекторат да изврши затворање на објектите“, се додава во уредбата.

Извор ohridsky

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...