14 C
Ohrid
среда, октомври 21, 2020
Почетна Македонија Мицкоски: Потребна е голема излезеност, граѓаните да се охрабрат да гласаат

Мицкоски: Потребна е голема излезеност, граѓаните да се охрабрат да гласаат

Translate (Eng):[gtranslate]

Разговаравме за актуелната состојба и за подготовките за претстојните избори. Добив едногласна поддршка за изборите на 15 јули, на кои ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ ќе оствари убедлива победа над актуелната власт, соопшти денеска на прес-конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тој по средбата со коалициските партнери од Коалицијата „За обнова на Македонија“ изјави дека ги информирал оти се прифатени условите за кои, како што рече, преговарале и разговарале со власта, а тоа се протоколи за заштита на здравјето на граѓаните и Мисија на ОБСЕ и ОДИХР.

-За нас беше многу важно да се утврдат строги правила за заштита на здравјето на граѓаните со што се овозможи сите ранливи категории, хронично болни, опфатени со мерките на претпазливост соодветно да се пријават за гласање и да бидат посетени од ДИК доколу тие одлучат своето право на глас да го остварат од дома. Целосно ќе бидат заштитени при гласањето и целосно нивното право на глас ќе биде тајно. Ги охрабрувам сите кои спаѓаат во овие ризични категории на граѓани слободно да се пријават и да гласаат, рече Мицкоски.

РЕКЛАМА

Според него, останатите граѓани во безбедни услови ќе можат да излезат и да гласаат на 15 јули. Нагласи дека е потребна голема излезеност и што повеќе граѓани да се охрабрат, да гласаат и да изберат меѓу измама и напредок, односно меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најави силна економија, повисоки плати за 25 отсто или за најмалку 6.500 денари повеќе од сега. Повисоки пензии од 20-тина проценти во еден мандат или повеќе од 3.000 денари за секој пензионер, невработеност под 10 отсто, намалување на даноците, рамен данок од 8 отсто, четири милијарди евра домашни и странски инвестиции за чретири години. Најави поголеми плати за професорите и наставниците, 100.0000 денари за редовните универзитетски професори, 80.000 денари за вонредните професори, 60.000 денари за доцентите, 45.000 денари за асистентите на факултетите. Изградба на национална мрежа на четири нови Клинички центри и многу други проекти.

Мицкоски најави и целосна реконструкција на повеќе од илјада километри регионални и државни патишта, 150 километри експресни патишта низ целата држава, енергетска обнова на домовите на граѓаните, нова фасада и оков на секој дом при што инвестицијата половина ќе ја покрие државата. Природен гас за секое домаќинство, бесплатен приклучок на гас за секое домаќинство.

Тој одговарајќи на новинарско прашање во врска со идејата на ДУИ за премиер Албанец истакна дека мандатарот или идниот премиер го одредуваат граѓаните.

-Првата политичка партија која го промовираше принципот на шпицен кандидат е токму ВМРО-ДПМНЕ. За жал тогаш од страна на СДСМ таа иницијатива беше одбиена и не помина како законско решение. ВМРО-ДПМНЕ промовираше кандидат за мандатар и тоа го стори и СДСМ, како и Коалицијата „Можеме“. Сега гледаме дека и од ДУИ се прифаќае принципот на шпицен кандидат или за нандатар. Тоа е добро и здраво за демокартијата и да има поголем конкуренција. Она што јас сакам да им го порачам на ДУИ и сите кои сакаат да промовираат шпицен кандидат и кандидат за мандатар да изготват програма со која нема да му дадат етнички призвук на кандидатот за мандатар, туку да се обидат да освојат гласови и кај Македонците, Турците, Србите, Бошњаците, Власите, … и кај останатите. Ние сме мултиетничка средина во која со политичка програма, нудење иднина и проекти граѓаните одлучуваат кому да ја дадат довербата. Така што ги охрабрувам ДУИ наместо моноетнички да понудат мултиетничка програма и со која ќе ги освојат симпатиите на сите граѓани, рече Мицкоски.

Во врска со коалицирањата по евентуалната победа на изборите лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека следната влада ќе ја предводи Коалицијата за обнова на Македонија, а сите партии без исклучок кои ценат дека нивната програма е слична со програмата на оваа колаиција се добрдојдени да отпочнат разгвори за да коалицираат .

-Оние политички партии кои се занимаваат со ултиматуи и изјави кои наликуваат на минатиот век претпоставувам дека нема да успеат да ги доближат своите ставови со програмата на победничката коалиција на претстојните избори, а тоа е коалицијата за обнова на Македонија. Основа за било какви разговори ќе биде програмата на победничката коалиција, истакна на прес-конференцијата Мицкоски.

Прес конференција на претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицковски

- Реклами -