-2 C
Ohrid
среда, јануари 15, 2025
ПочетнаМакедонијаБоки 13 бара во четврток да поднесе кривични за ФУНКЦИОНЕРИ во ОЈО...

Боки 13 бара во четврток да поднесе кривични за ФУНКЦИОНЕРИ во ОЈО – ДЕТАЛИ ОД ЗАПИСНИКОТ

spot_img

Бојан Јовановски – Боки 13, побарал од судијката Васка Николовска-Масевска да му дозволи во четврток да биде спроведен од истражниот затвор во Шутка, во Основното јавно обвинителство, за да поднесе кривични пријави против, како што пишува во барањето, одредени лица.

Доколку барањето биде уважено, ова ќе биде втор обид на Јовановски да поднесе пријави на записник, откако во февруари одби да го стори тоа, иако во затворот беше го посети обвинителката Гордана Смаќоска, испратена од републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески.

Како осуден во случајот „Рекет“, поднел барање до Кривичниот суд, на 25 јуни да му дозволат да оди до Основното јавно обвинителство Скопје за да поднесе кривични пријави на записник.

Боки 13 во неколку наврати бараше средба со републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески, но средбата не се реализираше. Обвинителот Јовески во разговор за „Фокус“ потенцираше дека во притвор бил испратен обвинител од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, кој се сретнал со Јовановски, но тој не сакал да зборува со него.

Адвокатот на Боки 13, Сашко Дукоски, вели дека и тој бил на средбата, и точно е дека Јовановски одбивал да зборува, бидејќи наместо Јовески, дошла обвинителката Гордана Смаќоска, на која шефица и е Вилма Русковска, па поради тоа, како што вели, Боки немал доверба ниту во една од нив.

Во записникот од средбата која се одржала во истражниот затвор „Скопје“, на 24 февруари стои:

-Прво би сакал да изјавам пред вас дека сум затечен за оваа за мене новонастаната изненадувачка состојба поради што не бев информиран, ниту пак имав благовремено добиено сознание преку мојот бранител, ниту пак од судот, дека на овој начин и во овој термин ќе треба да ги изнесам сите мои аргументи и строго доверливи информации за повеќе лица во врска со кривичните пријави кои имам намера да ги поднесам, истакнал Јовановски, кој додава дека барал средба исклучиво со републичкиот обвинител Јовески, а поради довреливите информации кои ги поседувал.

Јовановски на записник кажал и дека е несериозно она што го знае да го сподели со обвинителката Смаќоска на која шефица и е Русковска.

-Сметам дека е несериозно воедно и контрапродуктивно да изложувам било какви информации, а особено строго доверливи за кои што веќе имам две писмени барања кон највисокиот орган на јавното обвинителство… Исказот барам да биде даден пред овој обвинител поради заштита на мојот морален и физички интегритет, поради основаното чувство на страв за својот живот, поради досегашното селективно и тенденциозно постапување кон мене, поради кршење на основните човекови права загарантирани со уставот, изјавил Јовановски на средбата, и повторно потенцирал дека е спремен да зборува само со републичкиот јавен обвинител.

Бидејќи средбата не се реализирала, Јовановски сега на 25 јуни се надева дека ќе му биде дозволено од судот да отиде во основното обвинителство Скопје и таму да ги поднесе кривичните пријави.

Адвокатот Дукоски за Фокус открива дека кривичните пријави се однесуваат на злоупотреба на службена положба, за измама, за шпионажа и тоа за актуелни функционери, но и за еден бизнисмен.

Адвокатот на Јовановски не се согласува со републичкиот јавен обвинител, Јовески, кој кажа дека осудениот можел и на рочиштата за „Рекет“, пред судијата и новинарите, да каже со какви докази располага, за какви кривични дела.

извор: vecer

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села е “ЗОМБИ”

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села и бил исмеван на карневалот во Вевчани е групна "ЗОМБИ"...

Традицијата продолжува: Василичарски појадок во Општина Охрид

Ја продолживме убавата традиција Василичарски појадок во Општина Охрид. Вера Раоник, Валентина Мургоска и Игор Петрески се најсреќни меѓу вработените во Општина Охрид. Тие ја...

Куратица подготвена по 26-ти пат за Василица.

КУРАТИЦА ПОДГОТВЕНО ПО 26 ти ПАТ ЗА ВАСИЛИЦА Животот пулсира во знакот на василичарскиот карневал кој има традиција колку и самото село (преку500...

И покрај врнежите од снег, ЦУК регистрираше пожар на отворено

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во изминатото деноноќие бил регистриран еден пожар на отворен простор и истиот е изгаснат. Повикувајќи се...