6.1 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаШарените револуционери подготвуваат нова шарена револуција, овојпат против Заев

Шарените револуционери подготвуваат нова шарена револуција, овојпат против Заев

spot_imgspot_img

Незадоволните членови на „Шарената револуција“ кои во 2015 година ги предводеа протестите против тогашната власт повторно најавуваат дека ќе се активираат. Но, ако пред пет години тие беа главни во борба против Никола Груевски, овојпат нивна цел е Зоран Заев.

Како што дознава „Република“, десетина водечки активисти на „Шарената револуција“ се револтирани од односот на лидерот на СДСМ кон нив по доаѓањето на власт. Заев не само што заборавил што тие направиле за тој  да дојде на власт туку и целосно се дистанцирал од поранешните соборци.

Како што тие велат, Заев дури и си ги припишал заслугите за тоа што СДСМ дошол на власт, иако било јасно дека тој само неколкупати се појавил на протестите, додека членовите на „Шарената револуција“ секојдневно биле на улиците.

„Шарените“ биле особено лути откако ја слушнале аудио снимката на Заев на која тој се фали дека сите невладини органации се под негова контрола.

Но и покрај тоа што Заев тврди дека тие се „негови деца“,  „шарените“ не добиле ниту цент од половина милион евра што Владата неодамна им ги даде на четириесетина невладини организации.

Во групата која треба повторно да се активира во борба против Заев се наоѓаат вработени во Институти кои се занимваат со евроинтеграции, еден од првите активисти во НВО секторот во Македонија, неколкумина новинари од телевизија и печат, како и неколкумина професори.

Тие повремено одржуваат состаноци на кои се разработува стратегијата против Заев и подготуваат Платформа за натамошното дејствување која треба да биде објавена пред почетокот на изборите.

Очекуваат таа да биде прифатена од партиите од кои ќе бараат поддршка во борбата против СДСМ бидејќи доцна сфатиле дека вешто биле злоупотребни и изманипулирани од Зоран Заев.

република

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...