5.3 C
Ohrid
петок, март 5, 2021
Почетна Македонија Манчевски: Ги повикувам граѓаните да ги тужат кабелските оператори бидеќи направија кривично...

Манчевски: Ги повикувам граѓаните да ги тужат кабелските оператори бидеќи направија кривично дело со што ги згаснаа ТВ каналите.

Translate (Eng):[gtranslate]

Кабелските оператори денеска 40 минути го прекинаа емитувањето на ТВ каналите. На црните екрани беше испишана порака со која на корисниците им се објаснува дека прекинот на програмата е „поради наметнати неуставни обврски од Владата со Законот за аудио и аудиовизуелни услуги“. Операторите единствено операторите не ги исклучија каналите на јавниот сервис МРТ.

Причината за исклучување на програмата, според оператерите е усвојувањето на измените и дополнувањата на Законот за аудио и аудиовизуелни услуги по скратена и нетранспарентна постапка, без претходна консултација и расправа. Со овој Закон, на сите оператори им се наметнува обврска да гарантираат за авторските права на програмите кои само ги реемитуваат и за тоа да сносат кривична и материјална одговорност. Тие тврдат дека реемитувањето на програми и авторските права е согласно ЕУ стандардите и е веќе уставно регулирано со закон.

За исклучувањето на програмата реагираше министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски кој на Фејсбук напиша дека ваквиот чекор е незаконски. Манчевски ги наведе членовите од Законот за електронски комуникации кои се прекршени и дека казната е до 20.000 евра.

РЕКЛАМА

„Покрај ова, сите претплатници на операторите имаат законско право да бараат и право за надоместок на штета од страна на операторите, поради прекршување на одредбите од претплатничките договори и можат да бараат соодветна правна заштита преку Агенцијата за електронски комуникации, како надлежно регулаторно тело. Што се однесува до тоа дали е нешто уставно или не, надлежна институција е Уставниот суд“, вели Манчевски.

А. АНТЕВСКА сдк.мк

- Реклами -