22.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаАхмети да одговори, што знаел Шќипоња што придонесе тој да биде убиен?

Ахмети да одговори, што знаел Шќипоња што придонесе тој да биде убиен?

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во 2016 година ,објавив напис под наслов „ Што знаел Шќипоња што придонесе тој да биде убиен?“,на ова прашање Али Ахмети ,премолчи! Во 2020 година , кога Ахмети на голема врата промовира нова уцена – „ Премиер Албанец “, сакајќи на мала врата да ја протне идејата за Голема Албанија, редно е да даде многу одговри.Дали Ахмети ќе има доблест да даде одговри на безброј негови ликвидации?!

<

Што знаел Шќипоња што придонесе тој да биде убиен?

Недоразбирањата во ДУИ помеѓу милитантното крило и крилото на Али Ахмети кулминираат последните три години. Во неколку наврати ветераните на ОНА вклучувајќи го и вујкото на Али Ахмети, Фазли Велиу, имаа низа недоразбирања во нивното седиште во Мала Речица, дури во неколку наврати едвај е спречена употреба на огнено оружје.

Али Ахмети, по објавувањето на „бомбите“ на СДСМ (мал дел) создаде голем револт во членството на ДУИ, посебно во делот на ветераните кои ја создадоа и партијата и него, па така оние кои се бореа за правата на Албанците, Ахмети успеа да ги отргне од себе и во ДУИ да преовлада тендерско-шверцерската струја која зад себе има дебело меѓународно криминално досие.

Последниот настан во Куманово со убиството на висок функционер на ДУИ, командант Шќипоња (сомнително сите настани се случуваат во Куманово) каде видни членови на ДУИ се пресметуваа најнапред физички, а потоа и со употреба на огнено оружје, иако според закон во Република Македонија носење огнено оружје на јавно место е строго забрането освен за припадници на безбедносните сили кои во тој момент се на работно место.

Јавното обвинителство излезе со соопштение дека од слобода се лишени две лица за извршено кривично дело „убиство“. Притоа Обвинителството немало предвид дека како што ги нарекува екс министерката Грдана Јанкуловска „индијанците“, предизвикале и поголема општа опасност по животот на граѓаните на Куманово и среќа е тоа што во престрелката не се погодени случајни минувачи или гости во барот.

Тоа што ДУИ е коалиционен партнер на Владата, овој настан и оние претходните во Диво насеље, каде ДУИ има вмешано прсти, не може да ја оттргне одговорноста на Али Ахмети како и на целокупниот министерски ешалон на ДУИ од ваквите немили настани.

Целиот текст може да го прочитате на:

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...