12.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаМакедонија„Не можам да најдам добри работници - им текна да не работат...

„Не можам да најдам добри работници – им текна да не работат за 14.000 денари“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Мојата другарка има теорија дека сега дефинитивно не е моментот да си заминеме од државата. Со сиот одлив на квалитетен, работоспособен кадар, останати се премалку луѓе во Македонија, а со тоа и премалку добри работници. Можеби конечно и нам ќе ни дојде редот да го добиеме она што го заслужуваме, смета таа, затоа што навистина нема кој повеќе да работи. Оваа теорија, колку и да звучи смешна, сè повеќе станува вистинита.

<

Последната случајна средба со еден скопски „газда“ ме натера да ја анализирам целата ситуација и да сфатам дека не останаа повеќе луѓе за работа, ама ниту будали што ќе си ги кршат коските за 150 до 250 евра месечно. Скопскиот газда е нервозен, се жали како не можел да си најде добри работници. Или се прави наудрен или е навистина до толку будала што не знае всушност колку лош работодавач е.

Сите од ваков калибар, прво треба да се запрашате – зошто ги губите добрите работници? Зошто ви бегаат од фирмите? Во вакви кризни времиња, луѓето не можат да си дозволат да седат на работа, кога платата доцни со месеци. Во Македонија платата доцни 5 дена и веќе те фаќа паника и не знаеш што со себе.

Не може да ги лажеш луѓето дека немаш пари за да им поделиш плата, а веќе следниот ден да купуваш нов автомобил за синчето. Или заминуваш на скап одмор со семејството. Не може човекот што ти е вработен за една определена работа да има 27 задолженија, кои воедно опфаќаат и плаќање на твоите сметки, подучување математика на малиот татин принц или пишување состави за писмената по македонски јазик. Не може да се однесуваш кон вработените како да се најголемото ѓубре, како тие луѓе да немаат грам достоинство, како да ти се чергиче на кое си ги бришеш скапите чевли.

Не може да им исплаќаш К-15 на хартија, а подоцна да ги тераш кришум да ти ги враќаат парите на рака. Да им вршиш мобинг, да не знаат што е делник, а што празник, а ти да се смееш на нивните барања за плаќање на прекувремената работа, да ги множиш со нула! Многу ми е мило што конечно дојде моментот и сфативте дека не сте Господ.

Затоа што очигледно уживавте во таа улога, ама и на тоа полека му доаѓа крајот. И сега нема добри работници? Нема. И ќе нема! Каде и да поминете, каде и да се завртите, во секоја можна продавница, бутик, кафетерија, ресторан, агенција, секаде има прикачено оглас за вработување. А вие сè уште не можете да најдете никого? Навистина, ја нема таа будала што ќе биде секретарка, пардон, технички асистент и кафе-готвачка и чистачка и психијатар за вашите растроени нерви и комплекси за 14.500 денари месечно. Ајде да се мрднеме од сумата од 14.500 денари. Пред неколку дена налетувам на оглас за вработување во сериозна компанија. Нац’цкан, налицкан, накитен фино, како народна носија. Се бара високо образование.

Се бара минимум 5-годишно работно искуство. Се бара задолжително познавање на англиски јазик и активно познавање на најмалку уште еден странски јазик (пожелно тој, тој или тој). Се бара напредно познавање на компјутери. Се бара уште не знам ти што. Следува листа со неверојатни 18 редовни работни задолженија.

Потенцирано е дека: ќе се останува прекувремено, дека се работи и саботи, дека работникот треба да е флексибилен на повици. Во превод, се бара роб. Бидејќи платата која е наведена изнесува цели 20.000 денари месечно. Кој ќе ви дојде да го работи сето ова, со минимум 5-годишно работно искуство, со сите наведени квалификации во денешно време? Ви заминувале младите и способните во странство? Не заслужувате ништо подобро.

Заслужувате да останете да си ги работите сами фирмите, да видиме колку сте способни, бидејќи нели според вас „секој е заменлив“. Бујрум, работете си самите. Или уште подобро, вработете си ги децата во фирмата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV

Премиерот Христијан Мицкоски во негово и во име на Владата го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Лав XIV. - Изборот на...

Американецот Роберт Превост е новиот папа – Неговото ново име е Лав XIV

Откако над Систинската капела беше пуштен бел чад, што означуваше дека кардиналите го избраа 267-от поглавар на Римокатоличката црква, беше објавено кој е новиот...

Пуштен бел чад: Избран е новиот папа!

Бел чад е испуштен од оџакот на Сикстинската капела што значи дека е избран нов папа. Кардиналите попладнево одлучиле за наследник на папата Франциск односно...