8.9 C
Ohrid
недела, јуни 1, 2025
ПочетнаМакедонијаХаварија во Штип: Фабрика испуштала боја во реката Брегалница при што побеле...

Хаварија во Штип: Фабрика испуштала боја во реката Брегалница при што побеле цела река.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Побелеа водите на реката Брегалница по течението кај Штип. Први белата река со мирис на хемикалија ја забележаа граѓаните, кои попладнево се најдоа во делот меѓу наслебите Сењак и 8 Ноември кај пешачката патека. Фотографиите се сликани вечерва по 18.30 минути, кај новиот челичен мост.

<

Додека се споделуваа фотографиите по социјалните медиумите, Брегалница побеле и на другиот крај од градот, во Ново Село. Екипи на Крим техника на СВР Штип се на терен, како и риболовците од Риболовното друштво. Групата на новинари, полицајци и риболовци го следеа текот на реката и дојдоа до каналот од каде истекуваат отпадни води од стопанскиот комплекс Македонка. Од овој канал се’ уште истекува бела теччно, во која се чувствува мирис на хемикалија. Земени се мостри од водата. Нема информации дали на терен излегол и еколошки инспектор.

Засега нема одговор од надлежните институции што ја побеле реката. Дали и овој пат ќе се чека да дојде новиот работен ден, па инспекторите да излезат на терен?

Инаку, не е прв пат Брегалница да побелува. Пред два-три месеци, бели води беа забележани во Берово. Кога рибиловците алармирале кај инспекторот и побарале да излезе на терен, им било одговорено дека е петок попладне и завршил работниот ден.

До сега речиси никогаш не се расчистуваа еколошките инциденти, а виновниците ретко се наоѓаат.

ММС

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина младиот Дарко Јованов, имаше само 29 години

Пријателите и роднините се простуваат од младиот Дарко Јованов, чиј живот за жал згасна прерано. Дарко Јованов беше 29 годишно момче oд радовишкото село Воиславци,...

Добри вести за земјоделците: Албрим Хоџа ќе биде заменик-министер за земјоделство.

Албрим Хоџа, член на претседателството на Алијансата за Албанците (АА), која и понатаму останува дел од коалицијата ВЛЕН, се очекува да биде новиот заменик-министер...

Кран се сруши денеска околу 14 часот во Битола

Градежен кран паднал над објект во стaрата касарна во Битола, информираат за АПЛА граѓани кои биле очевидци. Кранот според фотографиите што ни ги испратија...

Лишен од слобода прилепчанец поради криумчарење на тутун

Лишен од слобода прилепчанец поради криумчарење на тутун и текстил На 30.05.2025 полициски службеници од ОВР Демир Хисар, по претходно добиени оперативни сознанија, на...