18.6 C
Ohrid
вторник, мај 20, 2025
ПочетнаМакедонијаБоки 13 поднесува повеќе кривични пријави во ОЈО Скопје

Боки 13 поднесува повеќе кривични пријави во ОЈО Скопје

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Бојан Јовановски денеска во Основното јавно обвинителство Скопје поднесува кривични пријави на записник за злоупотреба на службена положба и овластување, изнуда, измама, давање на лажен исказ, можеби тортура и несовесно лекување.

<

Адвокатот на Јовановски, Сашо Дукоски пред Обвинителството изјави дека Јовановски го користи законското право од член 273 од Законот за кривична постапка, каде што е наведено дека секој граѓанин може да поднесе кривична пријава за кривично дело што се гони по службена должност.

– Кривичните пријави ќе бидат поднесени најмалку за неколку кривични дела и тоа пред се за злоупотреба на службена положба и овластување, изнуда, измама, давање на лажен исказ, можеби тортура, несовесно лекување…, изјави Дукоски.

Досега, како што посочи, неколку пати барале да поднесат кривична пријава кај републичкиот обвинител. – Сега поднесовме барање во Основното јавно обвинителство Скопје. Од страна на републичкиот обвинител ни беше делегиран заменик на обвинителката од истото обвинителство што го гони Јовановски и тој одби тогаш да поднесе на записник кривична пријава. Ова е второ барање, рече Дукоски и додаде дека на нивното барање судот коректно одговорил.

Одговарајќи на новинарско прашање, Дукоски посочи дека пријавите се за лица од државните институции и за лица што се надвор од овие институции, непрецизирајќи за кого станува збор.

Појасни дека Обвинителството во рамки на своите надлежности мора да постапува по кривичната пријава затоа што се гони по службена должност.

– Доставивме и доказен материјал и тоа ќе се анализира и веројатно ќе се обратат до одредени институции, можеби и до одредени обвинителства со цел дознавање одредени сознанија во врска со тоа што е во кривичните пријави – рече Дуковски.

Одговарајќи на новинарско прашање дали со поднесувањето на кривичните пријави Јовановски сака да си го олесни статусот во тие кривични постапки, Дуковски рече дека „одговорот е ноторно не, бидејќи не може дури и да сака“.

Тој посочи дека станува збор за целосни нови кривични пријави што немаат никаква врска со предметот „Рекет“.

– Основниот суд достави писмено известување до Основното јавно обвинителство Скопје дека осуденото лице побарало и дека Судот ќе му даде дозвола да дојде во ОЈО Скопје за да даде исказ – велат за МИА од Јавното обвинителство.

Јовановски минатата недела за случајот „Рекет“ беше осуден на девет години затвор, а поранешната специјална обвинителка Катица Јанева доби казна затвор од седум години.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Матурант од Струмица пронајден починат.

Вчера околу 12 часот на влезот во Струмица, на локација позади складот за дрва на Шумското стопанство „Беласица“, на местото викано Крива Река, бил...

Изгоре семеен автомобил на бизнисмен од Битола, и два други паркирани до него, дознава „АПЛА“

Во пожар што се случи ноќеска дваесет минути по полноќ изгореа три автомобили паркирани пред колективна зграда на улицата „Леринска“ во Битола. Огнот најпрво...

На саемот во Нови Сад за 770.000 евра продаден комбајн за берење компири !!

Ова е најскапата машина на Новосадскиот саем – комбајн за берење компири во вредност од 770.000 евра +ДДВ. Уникатен комбајн за компир, кој има можност...

Имаат тешки изгореници по грбот: Објавени нови фотографии од изгорениците на младите од Пулс!

Објавени се нови фотографии од повредите на младите кои беа дел од трагичниот настан во клубот Пулс, каде што неколкумина преживеаја со тешки изгореници...