15 C
Ohrid
среда, октомври 28, 2020
Почетна Македонија Охрид Филипче од Охрид: Пандемијата се шири секаде во светот, засега нема потреба...

Филипче од Охрид: Пандемијата се шири секаде во светот, засега нема потреба од нови рестриктивни мерки

Translate (Eng):[gtranslate]

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска од Охрид информираше дека Комисијата за заразни болести претпладнево остварила комуникација со претставници на околните земји и до крај на денот се очекуваат информации за состојбата со коронавирусот во целиот регион.

Комисијата ја следи состојбата и засега границите остануваат отворени додека не се добијат потребните информации за епидемиолошката слика од соседните земји, рече тој.

– Последните статистики насекаде во светот покажуваат дека пандемијата не спласнува, има сè повеќе пациенти, секаде каде се опуштаат рестриктивните мерки има многу нови заразени. Имаме податоци за поголем број заразени и во околните земји. Утрово на Комисијата за заразни болести направивме една интензивна комуникација со претставници на здравствените институции и здравствените власти во сите околни земји со цел да ја согледаме вистинската епидемиолошка слика во целиот регион и дел од тие информации очекуваме да стигнат до крајот на денот – потенцираше министерот Филипче во изјава за медиумите.

РЕКЛАМА

Дополнителни мерки кои ќе го ограничат движењето нема да има, но министерот апелира да се почитуваат пропишаните мерки за заштите и протоколите, односно сите лица да носат заштитна маска, да одржуваат растојание и често да ги мијат и дезинфицираат рацете.

– Разговаравме за евентулани дополнителни мерки со претставниците од Светската здравствена организација. Заеднички беше одлучено дека единствено што можеме да воведеме како дополнителна мерка е рестрикција на движењето, други мерки не можеме бидејќи веќе ги имаме. Наш заклучок моментално е дека нема потреба од рестрикција на движењето – рече Филипче.

 

- Реклами -