4.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаМакедонијаД-р Стојанов: Веќе нема познати кластери, вирусот се рашири низ цела Македонија.

Д-р Стојанов: Веќе нема познати кластери, вирусот се рашири низ цела Македонија.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Инфекцијата е раширена во сите делови на градот и нема познати кластери, вели д-р Александар Стојанов директор на Центарот за јавно здравје Скопје. Во моментов главниот град е најголемото жариште, а активни се 2.010 случаи. Стојанов објаснува дека сега е потешко затоа што со кластери полесно се менаџира ширењето. Тој вели дека сега на респиратор завршуваат се повеќе млади луше.

<

Со кластери е полесно, ги знаете луѓето ги изолирате и тоа, но сега овде е веќе искочено надвор и може секој на секое место да заболи. Чаир се уште води, но не е како порано. Може да се каже дека ја носиме ситуацијата се додека имаме можност за хоспитализација. Кога бројот ќе биде голем да нема каде да бидат сместени, е тогаш е лошо како што имаше ситуации во некои развиени земји, вели д-р. Стојанов за Сител.

Додава дека ако на почетокот на пандемијата во најголем ризик биле повозрасните и хроничните пациенти, сега, состојбата помлади луѓе и здрави заболуваат во тешки форми, заболуваат и постари но полесно.

„Вирусот кај некои е агресивен, кај други во поблаги форми. Вирусот овие 4 месеци мутирал за да опстане. Станува поагресивен кај помладите и како да прави обратно. Но малку е времето од 4 месеци да го осознаеме, вели д-р. Александар Стојанов.

фактор

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV

Премиерот Христијан Мицкоски во негово и во име на Владата го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Лав XIV. - Изборот на...

Американецот Роберт Превост е новиот папа – Неговото ново име е Лав XIV

Откако над Систинската капела беше пуштен бел чад, што означуваше дека кардиналите го избраа 267-от поглавар на Римокатоличката црква, беше објавено кој е новиот...

Пуштен бел чад: Избран е новиот папа!

Бел чад е испуштен од оџакот на Сикстинската капела што значи дека е избран нов папа. Кардиналите попладнево одлучиле за наследник на папата Франциск односно...