23.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонијаЖурките во ноќните клубови и партиските славења ја разбудија короната во Македонија.

Журките во ноќните клубови и партиските славења ја разбудија короната во Македонија.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ќе брои ли Македонија заразени од ковид-19 следниот месец од евентуален кластер наречен избори, и кластерот лумпување и славење до раните утрински часови по клубовите, без никаква заштита и никакво растојание….

<

Слично како што ѝ се случи тоа на Србија, е стравот што се појавува во јавноста, по партиските прослави во штабовите вечерта на 15 јули, по завршувањето на гласачкиот процес. Иако изборниот ден и чинот на гласање помина главно без никакви проблеми и со почитување на сите мерки за заштита, сепак сликите од партиските штабови ноќта беа сосема поинакви. Министерот за здравство, Венко Филипче, на својот фејсбук-профил ги пофали изборниот ден и гласањето по протоколи, но не ги коментираше партиските прослави што се случуваа ноќта. Сепак, граѓаните на социјалните мрежи најмногу реагираат на она што се прикажуваше на телевизиските екрани од албанските партиски кампуси, каде што се гледаа гушкање на присутните, славење, односно непридржување кон мерките за заштита од ковид-19 и неносење маски и заштитна опрема.
Колку исчекувањето на изборните резултати и политичката победа се поважни од јавното здравје?
Ќе понесе ли некој одговорност за неодговорното однесување на политичарите и на партиските симпатизери во одредени штабови во исчекување на изборните резултати?
Дали затаи контролата од страна на здравствените власти?
Кој е надлежен за ваква превенција и дали можело да се спречи ова однесување во политичките штабови?

Аналитичарот Александар Спасеновски вели дека наспроти сите предупредувања на здравствените власти за држење дистанца, за носење маски и за честа дезинфекција на рацете, сепак снимките од партиските штабови за време на изборната ноќ во еден дел укажуваа на спротивното.
– Иако голем дел од присутните лица во партиските штабови сигурно ги почитуваат овие насоки, сепак, донекаде разбирливо, поради еуфоријата и тензичноста во изборната ноќ кога се чекаат резултатите од гласањето на граѓаните, ваквите мерки во еден момент како да останаа неприменувани.

За повеќе може да прочитате во: Нова Македонија

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...