30.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаЗдравје и убавинаДвегодишно дете најмладиот позитивен од коронавирус во Штип

Двегодишно дете најмладиот позитивен од коронавирус во Штип

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Двегодишно дете е намјладиот новозаразен со коронавирус во Штип, покажаа денешните пристигнати резултати од брисевите што ги имаат земено епидемиолозите, но и од приватните лабаратории. Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова вели дека досега пристигнати се околу 33 позитивни резултати на жители на Штип. Бројката и денеска е висока и двоцифрена.

<

-Во моментов ги правиме епидемиолошките анкети на новите позитивни случаи во Штип, со цел да утврдиме од каде се заразиле, до овој момент покажуваат дека се од фабричките кластери. Епидемиолошката анкета за вчерашните случаи покажа дека околу 90 осто од случаите се работници или нивни контакти од осумте конфекции, каде што се појави заразата, вели Димитрова.

Во штипскиот регион со денешниве позитивни на Ковид-19 бројката изнесува над 333 активни случаи, додека 303 се излекувани.  Димитрова апелира граѓаните да ги почитуваат мерките, како што се држење дистанца, носење заштитни маски и често миење на рацете.

Штип досега има 11 жртви од коронавирусот, по последниот случај кој беше вработен во Општина Штип, во домашен карантин се ставени двајца негови колеги, кои се вработени во секторот за социјални услуги во Општина Штип, а просториите се дезинфицирани.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека денеска на болничко лекување имаат 52 – ца пациента, од кои неколкумина се со повремена кислородна поддршка.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...

Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

Владата денеска ќе одржи свечена седница на која ќе бидат одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата, како што најави владината...