17 C
Ohrid
вторник, септември 16, 2025
HomeМакедонијаРечиси 10.000 деца во светот умираат месечно од глад поради Ковид-19

Речиси 10.000 деца во светот умираат месечно од глад поради Ковид-19

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Речиси 10.000 деца умираат месечно од глад поради пандемијата со Ковид-19. Тоа се должи на ограничувањата наметнати како мерки против ширење на коронавирусот, соопштија од ОН.

<

Повеќе од 550.000 деца се неухранети секој месец. Четири агенции на ОН предупредуваат дека блокадите доведуваат до катастрофа.

Светската здравствена организација, УНИЦЕФ, Светската програма за храна и Организацијата за храна и земјоделство веднаш побараа најмалку 2,4 милијарди американски долари за решавање на глобалниот глад. Проблемот не е само недостаток на средства за преживување, туку и доставувањето хуманитарна помош, велат експертите.

Ситуацијата е особено загрижувачка во држави како Авганистан, Јемен или Судан, кои се потресени од воените конфликти со години.

Околу девет отсто од луѓето во светот гладуваат, а пандемијата на коронавирус ќе го зголеми гладот ​​оваа година, се вели во извештајот на ОН од овој месец.

До 2030 година, повеќе од 890 милиони луѓе би можеле да бидат погодени од глад, или 8,9 отсто од светската популација. Минатогодишниот извештај проценува дека 820 милиони луѓе гладуваат, но бројките беа ревидирани по промената на статистиката на Кина од претходните години.

sitel

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„Влен”: Украдениот имот ќе им се врати на граѓаните

„Со одлуката на Владата, еден од лидерите на Вреди, вицепремиерот Арбен Фетаи, е назначен на чело на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација...

Во Албанија е регистрирано ново здружение „ВМРО-ДПМНЕ -Албанија“

ВМРО-ДПМНЕ- Албанија“ е ново здружение на Македонците, откако и официјално е регистрирано во судскиот регистар во Тирана. Ова не е само формалност – ова е...

Херојството на Стојанче Ангелов

Може да мислите што сакате за Стојанче Ангелов, но, ова се неколку факти кои никој не може да ги оспори, напиша Златев на неговиот...

Министерство за здравство: Ќе се поделат 2.000 заштитни маски на жителите во Трубарево

Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје, обезбеди 2.000 заштитни маски N95 кои вечерва ќе бидат дистрибуирани до жителите на скопското...