30.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонија(Видео) ”Беровчани Коронавирусот го прогласија за умрено”

(Видео) ”Беровчани Коронавирусот го прогласија за умрено”

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Српска музика,играње и пиење,многу народ,растојание и заштитни маски никако,вакава беше сликата синоќа на преполниот градски плоштад во Берово.Во време кога бројот на заразени од корона вирусот во Македонија никако да стивне,Беровчани ја прогласија пандемијата за мртва со масовното присуство на организираната забава во центарот на градот.Кој ја дозволил оваа журка, побаравме одговор од градоначалникот на Берово, кој изрази загриженост поради ваквото групирање и непочитување на мерките за претпазливост.

<

Никој од нас не побарал дозвола за ваква журка на плоштадот во Берово, полицијата е надлежна да реагира и да ја прекине забавата ако има непочитување на мерките за претпазливост, но тие не реагирале.Организираната журка како што разбрав е од неколку кафичи.Знам дека се наоѓаат во тешка ситуација, но поважно е јавното здравје на сите граѓани на Берово. Тоа е исто така лоша слика и за туристите кои доаѓаат токму тука.Жалам поради несовесноста на граѓаните и отсуството на реакција на полициските службеници,апелирам уште еднаш сите да се придржуваме кон мерките за наша лична заштита.Издржавме 5 месеци, да не дозволиме несакани последици во нашето Берово истакна градоначалникот Звонко Пекевски.
Очевидци реагираат на големата концентрација на луѓе и изразуваат негодување поради ваквата ситуација, а вријат коментарите и на социјалните мрежи.Еве неколку од нив:

Во продолжение дел од телефонски снимки од синоќешната забава на градскиот плоштад.Извор:maleshnet.mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...