30.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаВело Маркоски: Конечно мислам дека светот ја научи лекцијата, се случи и...

Вело Маркоски: Конечно мислам дека светот ја научи лекцијата, се случи и тоа за што ви кажував дека животот ќе се врати во нормала бидеќи рестрикциите со полициски часови и седењето дома само ги отежнуваа работите.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Последните Ковид19 статистики покажуваат процес на стабилизација на состојбата и пад на кривата, што може да се толкува како надминување и на пикот од овој втор бран, кој се случи по олабавување на рестрикитивните мереки. Шест месеци по појавата на Коронавирусот во Македонија, државата практично го спроведува сценариот што уште во март го заговараше, еминентниот инфектолог, доктор Вело Марковски. Од денешна дистанца, во интервју за Прес24, проф. Марковски вели дека во Македонја не станува збор за стратегија, туку тоа што сега се случува, реално живеење со вирусот, се наметна како неизбежен процес, не само овде, туку и во цела Европа.

<

-Се сфати дека не може поинаку. Иако, лично мислам дека во Македонија не е стратегија, туку си дојде само по себе, и тоа во најлошата форма со постојани јавни собири кои во Шведска ги немаше. Да резимираме, прифаќање на реалното постоење на КОВИД-19, никој не е виновен (барем не некој од нас) за појавувањето, без паника и едно основно начело како водич, а тоа е мерките да зависат од исполнетоста и капацитетите на здравствениот систем, ако се преполнат болниците мерките да се стегнат. Но здравствениот систем за жал, мој впечаток е дека не се држи во добра кондиција, вели професор Марковски во интервју за Прес24.

Потенцира дека искуството од овие шест месеци, покажа дека единствена и најдобра опција за излез од оваа стојба беше третата третаа можност, а тоа стекнување на 30-40% колективен имунитет.

-Тоа е науката, тоа се досегашните искуства, за жал, референдумски во целиот свет се поби науката, се обвинија докторите кои ги кажуваа реалните сили, реалните исходи, и се прифати затворањето, криењето дома. Сега веќе повеќето европски држави сваќаат дека многу погрешија, дека неколкумесечното затварање ги уништи економиите, и сега пак сме на почеток. Дека колку долго да се криеш еден ден мора да излезеш. Јас уште на почетокот потенцирав, дека мора сериозно да се размисли да се земе во обзир можноста следниот бран, да биде опасен за децата. Искрено се надевам дека нема да биде така. Неколку пати давав пример дека кога одредени сезони меќу децата се појавуваше варичела (овча сипаница) во лесна форма, без температура, само со по неколку меурчиња, многу родители намерно ги мешаа своите деца да се разболат со една ваква лесна форма. Всушност тоа е природно стекнување имунитет, тоа што сакаме да го постигнеме со вакцина, би го постигнале со природна инфекција со слабовирулентен причинител. Затоа сега многу критикуваниот шведски и белоруски модел, од денешен аспект се гледа дека бил поисправен. Но, тој модел не избран на среќа, случајно, туку врз база на науката и трезвена анализа на можните сценарија. Тие држави собраа сили да веруваат на науката иако и таму имаше силни притисоци за солидарност со целиот свет, вели доктор Марковски во интервјуто.

Тој смета дека е за поздравување регистрирањето на првата вакцина во Русија, бидејќи Русија од секогаш имала производство на многу добри вакцини, но сепак треба да се почекаат научните трудови и искуствата од оваа вакцина.

-Да не заборавиме дека инфектологијата е многу поразвиена во источниот блок. Но сепак, мора да се почекаат научни трудови, искуства, состав… Ова е наменета за нивната држава, регистрацијата во други држави е со многу строги критериуми. Во трката за производство на вакцина проитив КОВИД-19 се влезе како во трката со вселенските програми или атомските оружја. Многу скоро и останатите развиени држави ќе излезат со свои вакцини. Но, за оваа сезона вакцините не се решение, вели проф. Д-р Вело Марковски во интервју за Прес24, во кое зборува и за пропуштените можност за организирање на наставата во образованието во услови на пандемија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...