27.9 C
Ohrid
среда, јули 2, 2025
ПочетнаМакедонијаАпасиев- Заев и Ахмети водат класични преговори за федерализација

Апасиев- Заев и Ахмети водат класични преговори за федерализација

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Со цитат од Платон  и хаштаг Преговори за федерализација пратеникот Димитар Апасиев денеска ги коментира актуелните случувања во државата. Во моментов во тек се преговорите за новото владеачко мнозинство, а ги водат на поединечни средби партиите СДСМ и ДУИ.

<

„На крајот, дури и да се чини дека има опасност Државата да биде уништена, никако не смее да се допушти таа да дојде под власт на НИШТОЖНИ ЛУЃЕ – или човек поскоро да прифати да стане изгнаник, напуштајќи ја државата, одошто да прифати таква промена на државното устројство кое ќе ги направи граѓаните полоши и долни“

#ПреговориЗаФедерализација, напиша Апасиев на фејбук.

Откако неговата партија Левица влезе во Парламентот и има два пратенички мандати, Апасиев често коментираше за актуелните случувања. Рече дека нема да коалицира со никој.

Пред една недела тој напиша пост во кој кажува став на починатиот кубански револуционер – дека не треба да се коалицира со партии кои имаат дамки во своето работење, бидејќи тоа ја разводенува идеологијата.

Ставот на младиот Фидел бил: „Не смее да има никакво коалицирање со партии кои имаат дамки во своето работење! Коалицирањето ќе ја разводни идеологијата. Од тоа корист ќе имаат само нашите ривали“

p.s. Случајност!? Не би рекол“, напиша утрово Апасиев на фејсбук.

Извор Faktor.mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена од Тетово нападната од мечка !!

Жена од тетовското село Синичане во Општина Боговиње била повредена од мечка, информираат од СВР Тетово откако за овој случај биле известени од тетовската...

Пецаков оствари средба со Амбасадорот на Република Ирска, со седиште во Букурешт- Се разговараше за туризмот и политичката состојба во Р.М.

Градоначалникот Пецаков оствари средба со Амбасадорот на Република Ирска, со седиште во Букурешт кој ја покрива и Република Македонија, Брендан Вард. На средбата се разговараше...

Стојанче потпиша договор за ангажман на двата пензионирани пилоти

ДЗС: Ангелов потпиша договор за ангажман на двата пензионирани пилоти Стојанче Ангелов, в.д. директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), вчера потпиша договор за...

Скопјанец загина под сопствениот прозор, со мотор го прегазиле на пешачка зона на кеј

Скопјанец загина вчера во страшна сообраќајна несреќа што се случила на кејот на Вардар, во близина на Паркот на франкофонијата, или кај објектот „Жабарот“ Според...