11.4 C
Ohrid
четврток, март 13, 2025
ПочетнаСветСЗО: Пандемијата се шири, но растот на нови смртни случаи забавува

СЗО: Пандемијата се шири, но растот на нови смртни случаи забавува

spot_img

Пандемијата на коронавирус продолжува да се шири, но растот на бројот новозаразени и смртни случаи од ковид-19 е забавен на глобално ниво, освен во Југоисточна Азија и Источен Медитеран, соопшти Светската здравствена организација.

<

СЗО во последниот извештај за пандемијата, објавен вчера, истакнува дека Северна и Јужна Америка и натаму претставуваат најтешко погодени региони, каде што се регистрирани половина од бројот на новозаразени од над 1,7 милиони и 62 проценти од 39.240 смртни случаи потврдени во текот на минатата недела.

Бројот на новозаразени минатата недела се намали за четири проценти во однос на претходната недела, додека бројот на починати е намален за 12 проценти, соопшти СЗО.

Југоисточна Азија, втората најсериозна епидемиолошка ситуација во светот, пријави зголемување на бројот на новозаразени за 28 проценти, додека бројот на смртни случаи од коронавирусот се зголеми за 15 проценти.

„Исто така, во источниот медитерански регион, бројот на заболени од Ковид-19 е зголемен за четири проценти, додека бројот на смртни случаи од оваа болест постојано се намалува во текот на изминатите шест недели. Бројот на новозаразени и смртни случаи од коронавирус во Африка се намали за осум до 11 проценти минатата недела“, се вели во извештајот на СЗО.

Во Европската унија, бројот на нови пријавени случаи на ковид-19 е во константен пораст во последните три недели.

Во текот на минатата недела, се зголеми само малку, за еден процент, додека бројот на смртни случаи продолжи да расте.

Според податоците на СЗО, регионот на Западен Пацифик забележал пад од пет проценти на нови инфекции.

Досега над 23,65 милиони луѓе во светот се заразени со коронавирусот, додека 811.895 починале како резултат на болеста предизвикана од него.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пуцко Петрол: Никогаш не сме доставувале мазут до ЕСМ

Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се споменува во целиот случај, и никогаш не доставувала мазут до ЕСМ. . Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се...

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...