12.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев - Другари доаѓа време на правда, на ред и на...

Заев – Другари доаѓа време на правда, на ред и на дисциплина

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Доаѓа време на ред, правда и дисциплина. Законите се донесени, сега е време за нивно брзо и доследно спроведување. Кој не сака да почитува закон, ќе се соочи со закон, рече Премиерот Зоран Заев.

<

-Северна Македонија доби нова, мала, ефикасна и одговорна Влада, подготвена да работи и да сработи посветено, исклучиво согласно интересот на граѓаните и државата.

Им благодарам на пратениците од демократското мнозинство кои ја препознаа важноста и потребата од нова одговорна Влада и кои ни ја додоа довербата да ги водиме инситуциите. Во следните четири години со сите ресурси ќе дејствуваме за да ја оправдаме довербата на пратениците, односно на граѓаните кои го доделија мандатот на пратениците.

Следува период на трансформација и европеизација на нашата татковина. Ова е период кога сечив придонес е важен, очекуван, потребен и суштински.

Затоа, почитувани граѓани,

во време кога започнува најинтензивната македонска европеизација, приклучете се. Приклучете се кон борбата против корупцијата. Приклучете се на отпорот против КОВИД-19. Прифатате го повикот за широка мобилизација на сите капацитети со кои ќе ги исчистиме воздухот, водите и почвите.

Бидете будни, гласни, конструктивни, аргументирани. Следете ја нашата работа и бидете коректив, но и партнер. Ние, како и досега, ќе го слушаме вашиот глас, ќе ги следиме вашите потреби.

Ова е моментот сите заедно да работиме на промените кои носат напредок и развој, кои носат светла иднина за нас и за нашите деца.

Сега, кога сите големи отворени прашања на надворешен план се зад нас, ред е со сите капацитети да се посветиме на работа дома. Да обезбедиме уште подобри услови за уште подобар живот, за уште поголеми плати, за повеќе правда и повеќе грижа за сите наши граѓани, вели Заев

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV

Премиерот Христијан Мицкоски во негово и во име на Владата го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Лав XIV. - Изборот на...

Американецот Роберт Превост е новиот папа – Неговото ново име е Лав XIV

Откако над Систинската капела беше пуштен бел чад, што означуваше дека кардиналите го избраа 267-от поглавар на Римокатоличката црква, беше објавено кој е новиот...

Пуштен бел чад: Избран е новиот папа!

Бел чад е испуштен од оџакот на Сикстинската капела што значи дека е избран нов папа. Кардиналите попладнево одлучиле за наследник на папата Франциск односно...