28.9 C
Ohrid
понеделник, јули 14, 2025
ПочетнаСветАмерика од Вучиќ побарала да го признае Косово, при што тој им...

Америка од Вучиќ побарала да го признае Косово, при што тој им одговорил експресно брзо…

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, вечерва изјави дека од Вашингтон добил информација дека српскиот претседател Александар Вучиќ остро го отфрлил предлогот на САД на средбата во Белата куќа, што вклучува взаемно признавање на Србија и Косово.

<

– Точно е дека листот со сите предлози што се појавија во медиумите, вклучително и точка 10 (што подразбира взаемно признавање), беше на преговарачката маса во Белата куќа. Добив информација дека Вучиќ бил многу брутален Тој ја отфрлил точката 10, велејќи дека тоа е неприфатливо за Србија и дека ќе постапува во согласност со Уставот на Србија – рече Дачиќ за телевизијата Пинк, пренесе Бета.

Дачиќ изјави дека листот со текстот „никогаш претходно не и бил презентиран на српската делегација“ и оцени дека станува збор за обид за проширување на темите на состанокот во Вашингтон, бидејќи „се зборуваше дека економијата ќе биде на дневен ред“.

Вучиќ и премиерот на Косово, Авдулах Хоти, попладнево ги почнаа дводневните преговори во Белата куќа. Домаќин на состанокот е специјалниот пратеник на американскиот претседател за преговорите меѓу Србија и Косово, Ричард Гренел и советникот за национална безбедност на американскиот претседател, Роберт О’Брајан.

Српскиот министер за финансии Синиша Мали, кој се наоѓа во Вашингтон со Вучиќ, пред новинарите изјави дека на српската делегација и бил врачен лист хартија, според кој Србија треба да го признае независно Косово.

Гренел експресно реагираше на Твитер пишувајќи „Не е точно….“, дека од Вучиќ било побарано да го признае Косово.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: Ако беше лесно сигурно немаше да бидеме избрани од народот ние. (ВИДЕО)

Премиерот Мицкоски објави видео од него и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски од првата делница од долгоочекуваниот автопат Кичево – Охрид со...

Во 2027 година автопатот Кичево Охрид ќе биде целосно завршен и пуштен- За мецес дена ќе бидат пуштени уште 18км!!!

За околу месец и пол премиерот Христијан Мицкоски очекува во употреба да бидат пуштени уште 18 километри од автопатот Кичево- Охрид. Со нив и...

Голем пожар во Злокуќани: Зафатени шест куќи, 7 лица побарале лекарска помош!

Голем пожар избувна вчера вечер околу 20 часот во скопската населба Злокуќани, при што беа зафатени три куќи на улицата „Скупи“. Пожарот, кој првично започнал...

Жителите на Песочани, Ново Село, и Црвена Вода, прашуваат кога ќе се изградат пристапните патишта?

По вчерашното пуштање во употреба на дел од Автопатот Кичево-Охрид,делницата Врбјани-Ботун,по нивно барање денес остварив средба со група граѓани од населените места Песочани, Ново...