17.9 C
Ohrid
петок, јули 26, 2024
ПочетнаСветВучиќ: За три дена остарев колку за 10 години

Вучиќ: За три дена остарев колку за 10 години

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека ситуацијата околу Украина „воопшто не е наивна“ и рече „дали да ги потсетувам што ѝ правеа на Србија“. Вучиќ беше на отворањето на погонот на фабриката „Вакер Нојсон“ во Крагуевац и беше запрашан дали Србија ќе ги сноси последиците од невоведувањето санкции кон Русија, како и за коментарот на твитот на Карл Билт дека Србија може да се збогува со ЕУ. Како што пренесува Б92 претседателот на Србија посочил дека се работи за изживување на посилниот над слабиот.

Не се сеќавам дека била ваква тешка ситуација, да го цитирам Лаушевиќ, ‘Годината помина, но денот никако’. За три дена остарев колку последните 10 години“, рече Вучиќ.

Зборувајќи за барањето дека Косово треба итно да биде примено во НАТО, Вучиќ рече: „Првпат слушнав за тоа пред неколку месеци, тоа не е идеја на Албанците од Косово, тоа е идеја на нивните лобисти во ЕУ и САД“.

„Зошто им е тоа важно? Прво, сакаат да натераат четири земји од ЕУ, кои се членки на НАТО, да ја признаат независноста на таканареченото Косово. Не можете да станете членка на НАТО ако не сте држава. Тоа е начин, но и изговор за некои земји да го прифатат тоа и да кажат дека мораме затоа што немаме друг излез“, објасни тој.

Вучиќ како друга причина го наведе обидот да се стави Србија пред свршен чин, бидејќи, како што вели, некој сака да ни каже „само вие останувате да го признаете Косово, а вие немате избор“.

Одговарајќи на новинарско прашање за вооружувањето на Германија, Вучиќ вели дека не знае точно дали инвестицијата од 100 милијарди евра што Германија има намера да ја вложи во армијата е на годишна или петгодишна основа, но посочува дека тоа е исклучително важно..

.
Извор: Либертас

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...