14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаСветДали Шведска со нивната стратегија на неносење маска, и не воведување...

Дали Шведска со нивната стратегија на неносење маска, и не воведување никаков карантин конечно ги замолкнува скептиците?

Шведската стапка на новозаразени од коронавирусот, која беше далеку над стапката на скандинавските соседи што се одлучија за карантин, сега е во драматичен пад и првпат од март е пониска од таа во Данска и Норвешка, пишува британски Телеграф.

 

„Шведска од една од земјите со најмногу заразени во Европа стана една од оние со најмалку заразени во Европа, додека многу други земји забележаа прилично драматичен пораст“, рече неделава на прес-конференција Андерс Тегнел, главниот државен епидемиолог во земјата.

Според податоците доставени до Европскиот центар за спречување и контрола на болести (ЕЦДЦ), Шведска минатата недела регистрирала во просек по 12 нови случаи на милион луѓе, во споредба со 18 во Данска и 14 во Норвешка.

Бројот на починатите во моментов е во просек два до три на ден, што е повеќе од над стоте смртни случаи на ден што Шведска ги имаше во средината на април.

Стокхолм, центарот на шведската пандемија во април и мај, минатата недела забележа најмал број нови случаи од март.

Данска истовремено забележа 179 нови случаи во петокот, што е најголем дневен број по повеќе од четири месеци.

Покрај тоа, минатата недела еден тест на 2.500 случајно избрани луѓе откри дека ниедно лице нема активна инфекција на ковид-19, во споредба со 0,9 проценти вакви случаи кон крајот на април и 0,3 проценти кон крајот на мај.

„Ние тоа го толкуваме како во моментов да нема широка инфекција меѓу луѓе што немаат никакви симптоми“, изјави заменичката на доктор Тегнел од шведската Агенција за јавно здравје Карин Тегмарк Висел, објавувајќи ги резултатите во четвртокот.

Подобрената слика секако е олеснување за застапниците на шведската помалку рестриктивна стратегија во борбата против коронавирусот, кои во мај мораа да се бранат бидејќи минуваа низ период кога Шведска имаше најголема стапка на смртност по жител во светот.

За разлика од Данска и Норвешка, Шведска никогаш не воведе карантин, оставајќи ги градинките, повеќето училишта, барови, ресторани, продавници и канцеларии отворени за време на пандемијата. Шведската Агенција за јавно здравје, која ја одредува стратегијата за борба против вирусот, процени дека е подобро да се потпрат на доброволни мерки на социјално растојание и самоизолација, кои може да се применуваат подолго време.

„Сега гледаме дека таквата одржлива политика побавно дава резултати, но на крај ги дава“, рече д-р Тегнел. „А ние се надеваме и дека резултатите ќе бидат постабилни со текот на времето.“

Падот на бројот на случаите во Шведска доаѓа во време кога многу европски земји што воведоа строги карантини за контрола на пандемијата се борат со нов пораст на случаите, кои се резултат на повторното отворање.

Во исто време, низ цела Европа растат протестите против мерките, што ќе го направи политички тешко повторното воведување карантин, ако дојде до тоа.

Говорејќи на шведската телевизија, д-р Тегнел рече дека тој верува дека бабите и дедовците во Шведска, на кои им беше советувано да останат изолирани и да избегнуваат близок контакт со своите внуци и деца, сега треба да можат непречено да го слават Божиќ со своите семејства.

„Мислам дека најверојатно е можно да го прославиме Божиќ понормално отколку што првично мислевме дека можеме“, рече Тегнел, иако им советуваше на семејствата „добро да размислат“ и да осигурат „разумни протоколи“ за одржување физичка дистанца, па дури ако треба и да изнајмат попространа локација.

Досега Шведска има забележано 5.832 смртни случаи предизвикани од коронавирусот, што е шестпати повеќе отколку во Данска (627) и Норвешка (264) заедно. Ова значи дека Данска и Норвешка мора да претрпат неколку серии нови појави на жаришта за стапката на смртност по жител да достигне бројка слична на таа во Шведска.

Шведска прави и помалку тестови по жител од Данска и Норвешка, во просек 1,2 теста на 1.000 луѓе според податоците од крајот на минатиот месец, споредено со 2,2 во Норвешка и 5,9 во Данска.

Сорен Риис Палудан, професор на Данскиот универзитет Архус, специјализиран за вирусни инфекции, рече дека смета дека неодамнешниот пораст на случаите во Данска е предизвикан од почестото тестирање во земјата.

„Беше прерано“, додаде тој, „за да се процени до кој степен имунитетот ѝ носеше предност на Шведска“.

„Ако имунитетот сè уште е во помали проценти, тогаш тоа нема да помогне толку многу“, рече тој.

„Но во споредба со Норвешка и Данска – каде што имаме многу малку случаи – тоа може да помогне. Можеме само да почекаме и да видиме дали тешките времиња што ги помина Шведска ќе ѝ помогнат во наредниот период“.

Сè уште се поставуваат прашања во врска со првичната надеж на Шведска дека со помалку рестриктивната политика во борбата против вирусот ќе се стекне побрз имунитет на самиот вирус.

Во четвртокот шведската јавноздравствена агенција објави нови испитувања на нивоата на антитела кај дарителите на крв, кои покажаа дека процентот на антитела на национално ниво полека се зголемил од март, достигнувајќи околу седум проценти од населението до крајот на јуни и близу дванаесет проценти во Стокхолм.

Во Ринкеби-Киста, најтешко погоденото предградие на Стокхолм, антитела имаат дури 18 проценти од 530-те луѓе на возраст од 16 до 69 години што прифатиле да бидат тестирани.

Тегнел рече дека проблемот да се најде репрезентативна група за испитување на антитела ја направил „крајно комплицирана“ процената на имунитетот кај популацијата.

„Најважната работа сега е континуираниот пад на бројот на заразените, а дел од објаснувањето за постојаниот пад што го гледаме секако е тоа дека голем дел од популацијата е имун“, рече тој.

мкд.мк

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...