26.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаСветРакетите кои ја погодија Полска долетале од Украина

Ракетите кои ја погодија Полска долетале од Украина

Претставниците на НАТО денеска ќе одржат итен состанок на барање на Полска откако две лица загинаа во експлозија предизвиканаа од залутани ракети во селото Пржеводов, на само 6 километри од границата со Украина.

Според првичните разузнавачки извори од САД, ракетата била истрелана од Русија, а НАТО ќе испитува дали се работи за руска ракета, што доколку се потврди ќе се смета за напад врз НАТО.

Светските лидери кои во моментов се на Бали каде се одржува самит на Г20 се состанаа по падот на проектили во Полска.Претседателката на ЕК Фон Дер Лајен по состанокот објави соопштение во кое се осудуваат „вчерашните варварските ракетни напади што русија ги изврши врз украинските градови и цивилната инфраструктура “

Претседателот на САД Џо Бајден, рече дека истрагата е поддржана од сите партнери.

И Македонските власти изразиja загриженост и порачаа дека земјава е во консултација со сојузниците во НАТО и будно ја следи ситуацијата.

Инаку Русија демантира дека извршила напад врз Полска, која е членка на НАТО и инцидентот во Полска го квкалификува како обид да се предизвика директен воен конфликт меѓу НАТО и Русија, додека Украина го тврди спротивното. Експлозијата се случи откако Русија вчера изврши серија напади врз Украина со проектили, напади за кои Киев рече дека се најтешкиот бран во текот на руската инвазија

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пред куќата на премиерот Христијан Мицкоски, поставена полициска куќарка.

Пред куќата на премиерот Христијан Мицкоски во Влае е поставена полициска куќарка. Премиерот Христијан Мицкоски ќе биде под полициско чување 24 часа. Според извори на ТВ21,...

Вечерва традиционални Курајчки средби.

На овој ден иселениците од Куратица, кои се распространети на сите страни на светот На овој ден иселениците од Куратица, кои се распространети на сите...

Познатиот актер Горан Стојаноски, нов директор на Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид

Горан Стојаноски, познат по своите улоги како инспектор Томе, Џемо Биљбиљ и други, од вечерва со решение на министерот за културa е назначен за...

Со голем број на гости и богата музичка програма, свечено отворен етно ресторанот „Бате Боле“ во с. Лешани.

Збогатена туристичката и угостителската понуда на познатото охридско село Лешани, синоќа свечено беше отворен етно ресторанот Димитрија“ и вила Бате Боле во село Лешани...