10.4 C
Ohrid
петок, март 14, 2025
ПочетнаМакедонијаЈас како Албанец со гордост го славам 8-ми септември !!!

Јас како Албанец со гордост го славам 8-ми септември !!!

spot_img

Прекрасно е чувството кога конечно можеш да изјавиш јавно и гордо дека имаш своја држава која ја сакаш и ја почитуваш и за која си спремен да се жртвуваш во самопрегор, пишува Трибуна.Мк.

<

Почитувањето се купува само со почитување, со ништо друго.

Јас ја сакам Македонија!

Јавно им благодарам на сите кои го кренаа својот чекан на хуманоста и ги искршија своите балкански националистички ѕидови.

Да го чуваме тој буздоган на хуманоста, на правдината и сите да го користиме се повеќе. Тој чекан на хуманоста кој крши никулци на национализми и законски злоупотреби ни е потребен на сите без исклучок, секојдневно и вечно, за подобар и подостоинствен живот на сите нас во Републиката и надвор од неа.

Им благодарам на сите мои читатели кои ревносно ги читале моите колумни во последните 4 до 5 години, и лично ме контактирале и ме охрабрувале да продолжам да се борам со балканските ветерници на злобата. Вие мои читатели, сте најдобрите сведоци на мојата лична и јавна метаморфоза. Се извинувам ако некогаш мојата лична вистина и критика била силно или пресилно дозирана, горка како пелин и лута како мариовско пиперче, но секогаш била добронамерна. Останувам во потрага на нашите зеднички воденици изградени на бистрите потоци и реки кои се слеваат од нашите Балкански планини кои толку потсетуваат на успешната и напредна Швајцарија, воденици кои ќе мелат златното жито од нашите полиња натопени со пот и крв на нашите претци, и со кое брашно ќе успееме да го испечеме лебот на заедништвото. Честит празник Македонијо, твоите граѓани ја слават твојата независност, секоја година се посплотени и посилни.

 

Автор: Агрон Биба Извор: Трибуна.Мк.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пуцко Петрол: Никогаш не сме доставувале мазут до ЕСМ

Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се споменува во целиот случај, и никогаш не доставувала мазут до ЕСМ. . Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се...

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...