15.9 C
Ohrid
четврток, март 13, 2025
ПочетнаМакедонијаНема повеќе бегање, попис мора да има најдоцна до 2021 година

Нема повеќе бегање, попис мора да има најдоцна до 2021 година

spot_img

Министерот за правда Бојан Маричиќ најави дека до крајот на годинава ќе биде донесен закон за попис, кој ќе претрпи мали измени во однос на претходното решение кое беше во собраниска процедура пред изборите и тоа во делот на одредбата за стапување во сила, за пописот да може да се одржи во април 2021 година пред локалните избори.

<

– Ние имаме цврста определба и коалициски договор за спроведување на пописот идната година. Тоа е впрочем и дел од коалицискиот договор меѓу Коалицијата „Можеме“ и ДУИ. Законот беше доставен во Собранието пред изборите, како Влада повторно ќе го предложиме во собраниска процедура, ќе има измени во роковите бидејќи оригинално кога беше предложен требаше да стапи во сила година дена откако ќе биде донесен. Сега нема време за толку чекање бидејќи за година дена отприлика ќе бидат локалните избори. Определба на Владата и на ДЗС е пописот да се спроведе пред локалните избори – рече Маричиќ, одговарајќи на новинарско прашање на брифингот со новинарите.

Верувам, додаде министерот за правда, а на тоа ќе работиме во наредниот период, дека до крајот на годината ќе биде донесен закон за да може во април 2021 година да биде спроведен пописот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...

Овчар предизвикал пожар и направил штета од 196 илјади денари

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 49-годишен жител на Тетово за кого постои основано сомнение дека во Скопје сторил кривично...