24.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонијаПочина момчето на кое му беше извршена првата тансплантација на коскена...

Почина момчето на кое му беше извршена првата тансплантација на коскена срцевина во државава

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Дваесет и четиригодишниот Филип Димишковски, кој беше првиот пациент на кој пред две години му беше извршена тансплантација на коскена срцевина од несроден дарител на скопската Клиника за хематологија денеска почина, дознава „Фокус“.

<

Според нашите информации, на младиот пациент му се вратила болеста, акутна миелобластна леукемија и починал од компликации од септична состојба, која се јавила во тек на лекувањето на рецидивот на основната болест, после година ипол по извршената трансплантација.

– Advertising –

Болеста му била откриена пред три години и откако никој од семејството не бил компатибилен да му дарува матични клетки, со лекарите одлучиле да бараат од несроден дарител.

Тогаш, здравствените власти се пофалија дека првпат во Македонија е извршена таква трансплантација и дека ќе влезе во историјата на македонската медицина.

„Остваруваме сон на многу генеации хематолози. Покрај 18 години примена на сродна трансплантација, од денеска се врши и несродна трансплантација на матични хематопоетски клетки. Станува збор за сложена биолошка процедура, со која се лекуваат најтешките заболувања на крвта, а сега се отвора можност покрај домашните, да се лекуваат и странски пациенти на Клиниката за хематологија“, рече тогаш директорката д-р Ирина Пановска Ставридис.

Филип во октомври лани волонтираше и им помагаше на децата што се борат со малигни болести на Клиниката за детски болести. Според објавените фотографии, тој заедно цртал со нив, боел и ги учел првите букви.

Информациите на „Фокус“ ги потврдија и од Клиниката за хематологија и се очекува во текот на наредните неколку денови здравствените власти да проверат што се случило.

За операција на коскена срцевина, која е една од најскапите интервенции, досега се одвојувале меѓу 110.000 и 120.000 евра, а во некои случаи и до 250.000 евра, во зависност од земјата и видот на самата интервенција.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гест за почит: Скопски таксист не му наплати на Јанко – „Фала ти за љубовта кон Македонија“

Колумбиецот Јанко, кој во последните години стана препознатлив по тоа што пее песни на македонски јазик и со својата харизма ја промовира нашата култура...

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата,...

Исчезнато 13-годишно девојче е пронајдено кај 33-годишен маж во Џепчиште

Рано утрово во тетовското село Џепчиште, во домот на 33-годишен маж е пронајдено 13-годишно девојче кое мајката претходно го пријавила како исчезнато, соопшти МВР....

Турист од Босна починал на плажа во Охрид.

На 17.07.2025 во 14.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни...