12.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев - Фала му на бога што имаме соседи како Грција и...

Заев – Фала му на бога што имаме соседи како Грција и Бугарија кои се борат за нас во Европа

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Нашите соседи ни се пријатели и тоа го покажале кога требаше да одлучуваат за иднината, за исполнувањето на стратешките цели на Северна Македонија. Тоа е НАТО и Европската унија. Тие одлучија позитивно. Секако се работи за политичари, дел експерти кои лавираат согласно актуелните состојби. Но, тоа не значи дека имаме ние помалку пријателство.

<

На патот со Грција на соработката веќе е автопатот „Пријателство“, не е автопатот „Александар Македонски“ еве зборувајќи фигуративно.

„Гоце Делчев“ е автопатот што води од Скопје кон Штип, кој што е во пуштен во употреба, но тоа е патот кон Бугарија, на нашите граници кон Бугарија.

Јас верувам дека навистина, сите заедно ќе учиме низ призмата на градење на односи како историјата да не обединува, како да не сплотува, низ неа да најдеме причини на уште поголемо пријателство, уште поголема соработка.

Историјата не е неважна, многу е важна, но поважна е иднината, а историјата треба да ја искористиме како основа, како темел како база за добра историја. И затоа влеам дури и решавањето на прашањето за Гоце Делчев, ние мора да изнајдеме нишки кои ќе не обединат, кои ќе бидат заеднички, кои што ќе не сплотат во меѓусебното помагање, охрабрување на нова економска трговија, на меѓусебни инвестиции и соработка на сите полиња. Јас верувам дека навистина низ ова прашање повторно ќе излеземе победници и двете страни и мора да излеземе. Заради тоа што договор ќе постигнеме, а ако постигнеме договор, тој да биде одржлив и возможен, а тоа е можно само ако двете страни се подеднакво среќни, затоа што во спротивно не е договор, едната страна се наметнала на другата, нашата на бугарската или бугарската над македонската. Не ни треба тоа.

Реков имаме архиви, можеме да ги отвориме. Самите архиви постојат и кај нас, постојат и во Бугарија. Тие архиви се речиси идентични.

Ако бидеме паметни, пред сѐ нашата и нивната комисија да извлечат заедничка нишка дека заклучоците од сите пет историски личности досега беше заедничката нишка и како заедно одбележуваме. Дали се Свети Кирил и Методиј, Климент и Наум, дали е цар Самуил, така и за Гоце Делчев. Ние заедно го одбележуваме. Заедно, беше Бојко Борисов на гробот во Скопје, јас се поклонив на споменикот во Благоевград, кога бевме во 2019 или2018 година. Во Струмица е Гоце Делчев, целиот е поставен како најголем споменик. Тие го имаат исто така во Бугарија насекаде. Имаат и град Гоце Делчев. Тоа е вистината.

Знаете зборуваме за крајот на 19 и почетокот на 20 век. Наш голем револуционер, борец за македонската самостојност и независност. Човек кој што се борел и за социјалните права во тоа време против Османлиското ропстви, било и на нашата територија и на бугарската територија .

Можеме навистина да бидеме паметни да најдеме заедничка нишка што ќе не спојува. Никој да не изгуби, никој да не изгуби. Зошто? Затоа што некој се борел за права за социјални права за слобода, за човекови вредности и верувам дека паметните политичари, политичарите на 21 век, низ ваквите историски нишки наоѓаат заедништво, наоѓаат соработка, наоѓаат иднина и перспектива.

Целото интервју тука

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV

Премиерот Христијан Мицкоски во негово и во име на Владата го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Лав XIV. - Изборот на...

Американецот Роберт Превост е новиот папа – Неговото ново име е Лав XIV

Откако над Систинската капела беше пуштен бел чад, што означуваше дека кардиналите го избраа 267-от поглавар на Римокатоличката црква, беше објавено кој е новиот...

Пуштен бел чад: Избран е новиот папа!

Бел чад е испуштен од оџакот на Сикстинската капела што значи дека е избран нов папа. Кардиналите попладнево одлучиле за наследник на папата Франциск односно...