10.4 C
Ohrid
петок, март 14, 2025
ПочетнаМакедонијаШумската полиција ќе ги казува тие што не носат маски по планините?!

Шумската полиција ќе ги казува тие што не носат маски по планините?!

spot_img

Вчерашната најава на министерот за здравство Венко Филипче дека се размилува за можност да се воведе обврска заштитни маски да се носат и на отворен простор, дури и кога граѓаните се движат сами ја разбранува јавноста. На ова реагираат како медицински експерти така и граѓаните. Инфектологот Вело Марковски вчера изјави дека ова ќе предизвика лоши последици по здравјето на граѓаните.

<

-Носењето на маски на здрав човек е штетно. Главен одбрамбен механизам кај нас е нормалната флора која ја имаме во устата. Со постојаното носење на маски нашиот организам ќе биде во хипоксија и можно е да се направи промена во таа флора. Голем процент од нас носиме стафилококус ауреус, тоа е една од бактерии која може да ни направи долнореспираторна инфекција која во 20 отсто од случаевите е смртоносна. Организмот во нормална ситуација ја исфрла таа бакерија но сега заради употребата на маска таа може да се врати и тоа е голем ризик. Мислам дека е ова многу лошо решение кое што се предлага, предупреди Марковски.

Граѓаните сега имаат обврска да носат маски во затворените простории, а на јавни места само во стуација кога не може да се обезбеди дистанца од 2,5 метри. Тие му реагираа на министерот Филипче со коментари кои му ги напишаа на профилот на социјалната мрежа Фејсбук.

-Маските не се решение за чистење на вирусот. Скандинавските држави 90 процентно ги исфрлија од употреба маските, бидејќи носат дополнителни здравствени проблеми и со не носење маски они далеку се подобри од состојбата која е имаме во Македонија, напиша Игор М. од Скопје.

И граѓанката Тања Л. порача дека идејата е неприфатлива.

-Тешка глупост ви е идеата да се носат маски задолжително на отворено кога не постојат докази за трансмисија на вирусот на отворено, ако се почитува дистанца! Воведете контрола таму каде што е потребно, како на пример кафани, кафичи, домашни прослави и собиранки наместо да земете да казнувате кај што ви е најлесно, смета таа.

За апсурдноста на најавената мерка се реагира и на сите социјални мрежи. Граѓаните се прашуваат дали во недостиг на идеи и знаење за борба со вирусот, на крајот ќе излезе полицијата да ги лови и планинарите кои сами одат по планинските врвови без маски. Воедно и потсетуваат дека порано им беше виновен министерот Чулев, ама сега го нема, а проблемот уште трае.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пуцко Петрол: Никогаш не сме доставувале мазут до ЕСМ

Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се споменува во целиот случај, и никогаш не доставувала мазут до ЕСМ. . Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се...

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...