17.9 C
Ohrid
вторник, април 29, 2025
ПочетнаМакедонијаМарковски: Во Комисијата за заразни болести има само двајца инфектолози, ме плаши...

Марковски: Во Комисијата за заразни болести има само двајца инфектолози, ме плаши периодов што доаѓа

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Проф. д-р инфектолог и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Вело Марковски, во гостување во емисијата „Што не е јасно“ на ТВ Алфа, вели дека во Комисијата за заштита од заразни болести наместо да доминираат инфектолози, има само двајца што, според него, не може да има објаснување зошто е тоа така.

<

Комисијата за заразни болести има друга намена. Не знам дали сфативте, кога доаѓа нов министер и си прави своја комисија, тој не знае што ќе се случува во наредниот период, дали ќе има некоја болест или не. Таа е комисија за заштита од заразни заболувања во која најчесто има само еден или двајца инфектолози. Нејасно е зошто е така, бидејќи треба да доминираат инфектолозите – вели Марковски.

Тој смета дека следниот период ќе биде многу лош, бидејќи како што рече власта не изградила никакви искуства.

Мислам дека ни следува еден период којшто ќе биде многу драматичен, многу лош. Најлошо е што не изградивме никакви искуства – истакна Марковски.

На прашањето дали треба да има задолжителна вакцина, Марковски вели дека тоа не е добра идеја.

Никако задолжителна вакцина. Прво, вакцината во следнава година за мене е неприфатлива и незамислива дека некој треба да се вакцинира. Значи без разлика колку ќе ги помине фазите, треба да следиме клинички некој период барем од 8 до 9 месеци да видиме дека таа вакцина и тие антитела траат во организмот 9 месеци. И второ многу битно е дали сега тие антитела кои би ги произвела вакцината дали би штителе – вели Марковски.

FacebookTwitterCopy Link

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

72 годишен Кичевчанец силувал 14 годишно дрвојче !!!

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против А.А. (72) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување дете кое не наполнило...

Големо дерби на клубовите на Македонскиот Илинден и Олимпик во Сиднеј

Екипата Фудбалскиот клуб на Рокдајл Илинден од Сиднеј во Недела на 4 ти Мај ќе биде домаќин на екипата на ФК Сиднеј  Олимпик ....

Синот на херојот Кире Костадиновски, по цели 24 години, стапна на светата земја кај Вејце – местото каде што неговиот татко го даде својот...

По 24 години, Кико го прегрна местото на татковата последна битка Со тешко срце и солзи што не можеа да се задржат, синот на херојот...

Почина проф. д-р Миле Димитровски, доајен на научната мисла на машинството во Македонија

Машинскиот факултет и инженерската заедница во жалост Почина проф. д-р Миле Димитровски, редовен професор на Машинскиот факултет во пензија и истакнат доајен на научната мисла...