19.9 C
Ohrid
четврток, мај 30, 2024
ПочетнаМакедонијаЦело Баиро протестира против полициската бруталност. (Видео)

Цело Баиро протестира против полициската бруталност. (Видео)

Дојдоа на местото каде се случи полициска бруталност да го изразат својот револт, но и да подадат рака за помирување. Битолските Роми денеска излегоа на протест на улицата кај главната Пошта каде во понеделникот неколку нивни сограѓани беа претапани од полицајци, откако под дејство на алкохол со автомобил удрија во електричен столб. Со транспаренти „Стоп за полициската бруталност“, „Едно општество за сите“ преку Широк Сокак дојдоа до зградата на полицијата и упатија порака – вакво насилство никогаш да не се повтори. Симболично ромските деца им подарија цвеќе на полицајците.

ОВИЕ МЛАДИ ДЕЦА СЕ ИДНИНАТА НА НАШЕТО ОПШТЕСТВО И ТРЕБА ДА ГИ ГЛЕДААТ ПОЛИЦАЈЦИТЕ КАКО ЗАШТИТА, А НЕ КАКО НЕПРИЈАТЕЛИ. ОВА Е ГЕСТ ЗА ПОМИРУВАЊЕ И САКАМЕ ДА НЕ СЕ СЛУЧУВААТ ПОВЕЌЕ ВАКВИ НЕМИЛИ НАСТАНИ, САКАМЕ ПОДОБРА ИДНИНА, РЕЧЕ РЕМЗИ МЕДИК, ОД НВО „БАИРСКА СВЕТЛИНА“

Полициската бруталност не смее да биде казна за оние што не ги почитуваат законите, порачаа од протестот и го осудија насилството врз Ромите, но и насилството врз полициските службеници. Побараа да престанат поделбите и на социјалните мрежи.

КАКО ШТО ИМАМЕ ПРАВА, ТАКА ИМАМЕ И ОБВРСКИ. ВЕ ПОВИКУВАМ ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ ПРОПИСИТЕ И ЗАКОНИТЕ, НО ПОЛИЦИЈАТА НЕ СМЕЕ ДА ТЕПА, ТРЕБА ДА ГИ ПОЧИТУВА СИТЕ ПОСТАПКИ КОИ ШТО ПОСТОЈАТ, ВЕЛИ ФАТАМА БАЈРАМ АЗЕМОВСКА, НВО „СУМНАЛ“-БИТОЛА

 

ДА НЕ СЕ СЛУЧУВААТ ВАКВИ РАБОТИ ВЕЌЕ И ГИ МОЛАМ СИТЕ ЛУЃЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ДА НЕ ШИРАТ ГОВОР НА ОМРАЗА, РЕЧЕ САМЕДИН.

МВР вчера поднесе кривична пријава против полицаецот од СВР Битола за малтретирање при вршење на службата. Исто така против него и против неговиот колега кој бил присутен на настанот а него спречил насилството, покренати се дисциплински постпаки и суспендирани се од работните места. Ромите кои беа физички нападнати од полицијата велат дека се уште се во шок.

ИМАМ 52 ГОДИНИ, А НЕ СУМ ИМАЛ НИ КРАЖБА, НИ СУМ БИЛ ВО ЗАТВОР. ТАА ВЕЧЕР БЕВМЕ МНОГУ МАЛТЕРТИРАНИ ОД ПОЛИЦИЈАТА, РЕЧЕ САФЕТ ВЕЛИОСКИ.

 

ЈАС МУ ВЕЛАМ НЕ ГО ТЕПАЈТЕ ДЕТЕТО, ТИЕ ПОЧНАА ДА МАВААТ ПО МЕНЕ СО КЛОЦИ, СО ПЕНДРАЦИ, РЕЧЕ НЕВЗАТ ЈАШАРОВСКИ.

Учесниците на протестот побараа да запре дискриминацијата врз ромското население, не само од страна на полицијата, туку во секој сегмент од општеството.

ИМАМЕ СУДСКИ ПОСТАПКИ, ЗА СРЕЌА ГИ ДОБИВМЕ. НИ СЕ ЗАБРАНУВА ВЛЕГУВАЊЕ ВО БАЗЕНИ, ИЗДАВАЊЕ НА РЕСТОРАНИ ЗА СЕМЕЈНИ ВЕСЕЛБИ, НИ СЕ ЗАБРАНУВА ВЛЕГУВАЊЕ ВО КАФИЧИ И ДРУГИ УГОСТИТЕЛСКИ ОБЕЈКТИ, РЕЧЕ РАМАДАН РУСТЕМОВ, НВО „РОМСКО ЈАТО“

По денешниот протест на Ромите во Битола, против полициската бруталност, на социјланите мрежи за во среда се најавува контрапротст за поддршка на полициските службеници од СВР Битола кои се суспендирани од работните места.

Емилија Мисирлиевска
Телма Тв

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сиднеј: СВЕЧЕНО ПРОСЛАВЕН ДЕНОТ НА СЕСЛОВЕНСКИТЕ ПРОСВЕТИТЕЛИ СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Пишува  Тоде Кабровски Минатата недела на 26 мај 2024 година во организација на Македонскиот просвето-училишен одбор на Нов Јужен Велс со сите Македонски училишта во...

Пецаков: По повод 30. Мај, Светскиот ден на лица со Мултипла склероза, упатувам јавна поддршка

По повод 30. Мај, Светскиот ден на лица со Мултипла склероза упатувам јавна поддршка до сите наши сограѓани кои се борат со ваков животен...

Фатени лица од Охрид и Бугарија- Се претставувале како полицајци

Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.И.В.(58) од Република Бугарија и А.Т.(41) од Охрид. Во...

Македонче: Александар Лазовски, успешен магистрант на Харвард !

Честитки за нашиот Александар Лазовски, стипендист и признат студент лидер за вештачка интелигенција (AI) и образование, кој ја заврши својата магистратура по образование (2023–24)...