14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаДовчерашната новинарка на “ТВ 24“ Христина Беловска е назначена за портпарол на...

Довчерашната новинарка на “ТВ 24“ Христина Беловска е назначена за портпарол на Уставен суд

За прв пат од своето основање Уставниот суд на Македонија ја востанови позицијата портпарол-советник на Судот за односи со јавноста. Довербата и можноста ѝ припаднаa на нововработената Христина Беловска, соопштија од Судот.

Според нив, како институција којашто ja штити уставноста, законитоста и граѓанските слободи и права Уставниот суд ја цени сензибилизираната јавност којашто е поделена во аргументите за ефективноста на службите за односи со јавноста во голем број институции.

-Дел од овие дебати во минатите години вклучуваа и прашања за компетенциите и улогата на овој кадар во институциите којшто со своето професионално делување треба да придонесе за отворено и транспарентно владеење. Од тие причини Уставниот суд спроведе постапка на избор на квалификуван кадар со висок мерит и строги критериуми со цел оваа промена во институцијата да даде реален придонес кон поинформирано општество.

По објавениот оглас во јули 2021 година, се спроведе стручен испит и интервју на пријавените кандидати по што судиите едногласно донесоа одлука за избор на Христина Беловска на работното место портпарол на Судот како квалификуван и стручен кадар на оваа позиција.

Христина Беловска има десетгодишно искуство како новинарка којa обработувала теми од правосудството, организираниот криминал и корупција, владеењето на правото во Македонија и европското право, граѓанските права и слободи. Кариерата ја почнала во студентското радио „Студент ФМ”, а првото нејзино професионално вработување е во националната телевизија „Сител“.

Потоа продолжува во редакцијата на „Телевизија 24” и во „Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ)”. Беловска е една од единаесеттемина новинари кои заедно со десет судии го основаа Судско-медиумскиот совет кој по својата надлежност е трети во светот и прв во Европа. Во вториот мандат на овој совет, Беловска е потпретседателка сẻ до вработувањето во Уставниот суд. Во рамките на Судско-медиумскиот совет Христина Беловска е ангажирана и како тренер и предавач на судии на новинарските школи за судии, кои имаат за цел зголемување на транспарентноста на судството и надминување на проблемите на јавноста и медиумите во правосудните институции, информираат од Уставниот суд преку соопштение.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...