24.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаФилипче: Ќе набавиме брзи тестови кои за 15 минути детектираат Ковид-19.

Филипче: Ќе набавиме брзи тестови кои за 15 минути детектираат Ковид-19.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче најави дека се планира надградување на стратегијата за тестирање со набавка на брзи тестови за откривање на вирусот Ковид 19.

<

Сега на пазарот се подостапни брзи тестови за детектирање на вирусот, не на антителата, меѓутоа се брзи и за 10 до 15 минути го детектираат вирусот без лабораторија и без лабораториски апарат. Брис и една мала плочка. Ќе започнеме за кратко време со набавка. Тие ќе бидат дистрибуирани пред се во болниците и во соработка со Центрите за јавно здравје веројатно на граничните премини. Во болниците ќе овозможи многу брз резултат на пациентите кои што доаѓаат пред се на итните и на тие на коишто им е потребна некаква интервенција. За 15 минути, нема да има лабораториски апарат, ќе знаат вработените дали е пациентот позитивен или негативен со тоа точно ќе се знае дали ќе оди по патеката за корона позитивни пациенти или ние го викаме во „чистиот“ дел на болниците. За границите ќе направиме стратегија и тука ќе тестираме и евентуално детектираме некои суспектни групи коишто доаѓаат од странство. – рече министерот Филипче во вчерашното гостување во дебатната емисија „Топ Тема“.

Филипче објасни и за тестовите за прегледи и интервенции.

Со два механизми може да се направи тест. Прво преку матичниот лекар пуштивме посебни термини со упат за интервенција, без разлика дали е дијагностичка, некоја од скопиите- бронхоскопија, гастроскопија или хируршка и со тој упат за таква интервенција матичниот лекар преку пунктот закажува тестирање ден или два пред операцијата согласно договорот со болницата или клиниката каде таа треба да се направи. И вториот механизам за 45 минути може да има тест ако пациентот се јавил во болницата. Има посебен модул преку системот „Мој термин“ сервисен упат да се заврши тоа тестирање. Значи, ако некој дојде во болница сигурно нема да се врати, може веднаш да се тестира. За еден час ќе го има резултатот со овој нов систем, уште повеќе тоа ќе го забрзаме. – потенцираше Филипче.

Филипче апелираше до граѓаните да се почитуваат мерките.

Доаѓа период во којшто граѓаните ќе мора многу повеќе да внимаваат на своето здравје за да не ги преоптеретат здравствените установи. Нас сега целокупниот кадар ни е потребен и за системот за ротации, капацитетите болничките кревети итн, ако имаме зголемен број на пациенти да помогнат во третманот на пациентите со Ковид. Тоа значи дека секој еден од нас мора да е максимално одговорен и да се штити од сезонска настинка и сезонски грип, а тоа се прави и со носењето на маски и со одржувањето на дистанцата. – потенцираше Филипче.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Орце Ѓоргиевски: Најголемата шанса во политиката ми ја даде Мицкоски и Бог.

Во поткастот на ТВ Сител, кандидатот за градоначалник на Скопје Орце Ѓоргиевски вели дека најголемата шанса во политиката му ја дале Мицкоски и Бог. Тој...

Радикален Ислам се шири во Идризово – бројките растат, вели Пандов

Директорот на Управата за извршување санцкии, Александар Пандов, во поткастот „Претрес со Ландов“ призна дека се шири радикален Ислам во шестото крило во Идризово....

Владата и „Македонија2025“ со кампања ги повикуваат иселениците да се вратат

Организацијата „Македонија2025“, во партнерство со Владата на Република Македонија, започна кампања под мотото „Македонска дијаспоро, врати се повторно дома“. Целта на оваа иницијатива е...

Лишен од слобода скопјанец: Фрлал со камења по хеликоптерот додека полнел вода !!!

Лишен од слобода скопјанец, ја загрозил безбедноста на полицискот хеликоптер додека полнел вода за гасење на пожари низ државата На 12.08.2025 во 18:55 часот...