10.4 C
Ohrid
петок, март 14, 2025
ПочетнаМакедонијаМалиот Илче кој беше напуштен од родителите во Охрид, почина во штитеничкиот...

Малиот Илче кој беше напуштен од родителите во Охрид, почина во штитеничкиот дом во Демир Капија

spot_img

Малиот Илче кој беше напуштен од родителите во Охрид, почина во штитеничкиот дом во Демир Капија. Малиот Илче од Охрид, кој беше напуштен од родителите, а кој потоа успешно беше лекуван на Клиниката за детски болести во Скопје, од каде пред точно два месеца со насмевка замина, синоќа ненадејно починал, потврдија денеска од Министерството за Труд и социјална политика за Фактор.

<

„Со жалење информираме дека 11-годишното момче синоќа во групниот дом при Специјалниот Завод Семир Капија ненадејно починало. Детето беше примено таму на 7.август и според информациите на Специјалниот завод – Демир Капија, неговата здравствена состојба во изминатиот период била стабилна и постојано бил под надзор на стручни лица. По налог на Јавен обвинител, телото на момчето ќе биде предадено на обдукција со цел да се утврди причината за смртта, велат оттаму.

Единаесетгодишниот Илче од Охрид, боледуваше од церебрална парализа, а имаше и други здравствени психички нарушувања. Во текот на летото беше напуштен од родителите, а откако беше пронајден сам во исклучително лоши услови, во тешка состојба беше хоспитализиран на Клиниката за детски болести во Скопје. По 10-дневно лекување, на 7.август беше испратен во групниот дом при Специјалниот Завод Демир Капија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пуцко Петрол: Никогаш не сме доставувале мазут до ЕСМ

Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се споменува во целиот случај, и никогаш не доставувала мазут до ЕСМ. . Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се...

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...