10.4 C
Ohrid
петок, март 14, 2025
ПочетнаМакедонијаФилипче мерките се усвоени: Не повеќе од четворица во вашиот дом, забранети...

Филипче мерките се усвоени: Не повеќе од четворица во вашиот дом, забранети се секакви семејни прослави и групирања, задолжително носење маска штом излезете од вашиот дом !!!!

spot_img

Согласно епидемиолошка слика и анализите на ИЈЗ, како и препораките на Комисијата за заразни болести, донесовме одлука за препорака до Владата на нови мерки со цел спречување на понатамошно ширење на вирусот.
➡️ Забрана за групирање во домовите на семејни прослави, слави и други собири во групи. Во едно живеалиште може да се примат најмногу четири луѓе. На семеен настан може да бидат сите кои се со живеалиште на таа адреса, плус најмногу четворица други.
➡️ Се забранува групирање на јавен простор после 22:00 часот на повеќе од четири луѓе. Забрануваме групирање по паркови, безниски пумпи или било каде на отворено на поголема група граѓани
➡️ Задолжително носење на маски или заштитна опрема (бандана, шал или друг вид прекривка на носот и устата), секаде при престој на отворено, затворено во било кои јавни објекти, на работно место, и во јавен и приватен транспорт. Исклучок е при спортување на отворен простор и на затворено со почитување на протоколите за заштита, при транспорт во приватно моторно возило ако сите лица во возилото се од едно семејство или живеат во заедничко домаќинство. При седење во угостителски објект со почитување на протоколите за дистанца и дезинфекција, престој во службени простории – канцеларија ако лицето е само во просторијата. Исклучок од задолжително носење на маска имаат и децата до 6 години, односно до претшколска возраст.

<

Напиша Венко Филипче на фејзбук.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пуцко Петрол: Никогаш не сме доставувале мазут до ЕСМ

Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се споменува во целиот случај, и никогаш не доставувала мазут до ЕСМ. . Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се...

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...