12.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаЗдравје и убавинаДр Стојанов – За кревети некако  ќе најдеме ама од  каде да...

Др Стојанов – За кревети некако  ќе најдеме ама од  каде да најдеме сестри и доктори?

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Не е толку проблем што имаме над 300 нови случаи дневно, туку проблем ќе биде ако се наполнат болниците, предупредува директорот на Центар за јавно здравје Скопје д-р Александар Стојанов, откако вчера беа регистрирани 364 новозаболени од ковид-19, а завчера имаше 317.

<

„Епидемиолошката состојба е лоша, ама не е толку трагична. Не е проблем што се над 300, проблем ќе биде кога ќе се наполнат болниците. Младите кои се заразуваат одат дома, се мешаат со родители, роднини, пријатели, баби и дедовци, каде ќе ги лечиме нив, кој ќе ги лечи? Еве и монтажни болници ќе направиме, ако треба и шатори ќе дигнеме и бараки ќе оспособиме. Ќе најдеме кревети, апарати, лекови, ама лекари и сестри кај ќе најдеме?“, вели епидемиологот Стојанов.

На Стојанов не му е јасен отпорот на дел од граѓаните против мерките за заштита од коронавирусот.

„Србија ја ограничи работата на кафаните до 23 часот, Брисел целосно ги затвори, Берлин прв пат во 70 години се откажа од ноќен живот, после 23 часот ништо не работи, а кај нас не можело да се живеа ако не се пее и се игра гушнати со гласна музика, па се протестира. И пак ќе кажам, не е проблем ни кафана, ни школо, ни градинка, ни отворени граници. Проблем е непочитувањето на мерките – маски, дистанца и миење раце. Еве речиси во цела Европа границите се отворени во Шенген зоната, а баш тие во Шенген што се затворија, како Унгарија и Словенија, имаат големи бројки. Зошто? Затоа што не се почитуваат мерките“, вели Стојанов.

АКО ПРОДОЛЖИМЕ ДА СЕ ГЛУПИРАМЕ, ПАК ЌЕ ГИ ПРЕПОЛНИМЕ БОЛНИЦИТЕ И ЌЕ ПЛАЧЕМЕ ДЕКА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СТИГНЕ ДО ЛЕКАР, ПРЕДУПРЕДУВА ЕПИДЕМИОЛОГОТ АЛЕКСАНДАР СТОЈАНОВ ОД ЦЕНТАР ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ

жНа вчерашната прес-конференција, министерот за здравство Венко Филипче кажа дека веќе нема место за нови пациенти со ковид-19 на инфективните одделенија во болниците во Прилеп, Струмица, Велес и во Куманово. Филипче рече дека на сите инфективни одделенија во државата хоспитализирани се 414 лица сомнителни и позитивни на ковид-19 и ова е најголем број на хоспитализација од крајот на јули .

Како што кажа тој, на Инфективна клиника во Скопје има околу 20-тина празни места, а спремна да прими пациенти е и монтажната болница каде што има 72 кревети. Во Градската општа болница „8 Септември“ има 40 пациенти.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV

Премиерот Христијан Мицкоски во негово и во име на Владата го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Лав XIV. - Изборот на...

Американецот Роберт Превост е новиот папа – Неговото ново име е Лав XIV

Откако над Систинската капела беше пуштен бел чад, што означуваше дека кардиналите го избраа 267-от поглавар на Римокатоличката црква, беше објавено кој е новиот...

Пуштен бел чад: Избран е новиот папа!

Бел чад е испуштен од оџакот на Сикстинската капела што значи дека е избран нов папа. Кардиналите попладнево одлучиле за наследник на папата Франциск односно...