12.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаМакедонијаШахпаска: Се уште не се знае причината за смртта на 11-годишниот Илче...

Шахпаска: Се уште не се знае причината за смртта на 11-годишниот Илче од Охрид

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерството за труд и социјална работа се уште ги нема добиено резултатите од обдукцијата на телото на 11-годишниот Илче од Охрид, кој беше оставен од своите родители, а потоа сместен во мал групен дом во Демир Капија, кои треба да ја утврдат причината за неговата ненадејна смрт.

<

– Се потрудивме да му овозможиме услови да биде сместен пристојно и да добие соодветна заштита и грижа по престојот на Клиниката за детски болести каде тој беше сместен две недели, а од 7 август беше сместен во Демир Капија во мал групен дом. Тој во малиот групен дом постојано бил под надзор од матичен лекар и има постојана здравствена заштита по излегувањето од болница. За време на престојот во домот неговата здравствена состојба била добра. Денот кога Илче почина негователката која се грижела кога видела дека наеднаш починал, повикала матичен лекар кој пак се јавил во полиција. Вклучен е и јавен обвинител и институциите постапуваат согласно закон. Беше индицирана обдукција, тоа е завршено и кога ќе ги имаме резултатите ќе знаеме која е вистинската причина за смртта, изјави министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска одговарајќи на новинарско прашање по посетата на мал групен дом во Скопје.

Таа посочи дека за едно дете најдобрата поддршка ја дава семеството, но кога тоа станува дисфункционално тогаш настапуваат институциите и им помагаат на таквите семејства. Социјалната реформа која беше спроведена, според Шахпаска, треба да го подобри системот за грижа за овие лица и тие побрзо да добиваат заштита.

-Новиот Закон за социјална заштита со кој почна да се спроведува социјалната реформа треба да овозможи социјалните и стручните работниции, професионалците полесно да ги регрутираат семејствата од терен кои имаат социјални проблеми. Се воспостави нов начин на работа за менаџирање со случај каде еден стручен работник водач на тимот се грижи за цело семејство. Тој ги собира информациите за сите проблеми кои се јавуваат во семејството и наоѓа начин да ги реши, рече Шахпаска.

Таа се согласи дека во одредени случаи се појавуваат и проблеми и побавно фунционирање на системот, но, како што рече, се работи посветено чекор по чекор и ситуацијата видно се менува на терен.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV

Премиерот Христијан Мицкоски во негово и во име на Владата го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Лав XIV. - Изборот на...

Американецот Роберт Превост е новиот папа – Неговото ново име е Лав XIV

Откако над Систинската капела беше пуштен бел чад, што означуваше дека кардиналите го избраа 267-от поглавар на Римокатоличката црква, беше објавено кој е новиот...

Пуштен бел чад: Избран е новиот папа!

Бел чад е испуштен од оџакот на Сикстинската капела што значи дека е избран нов папа. Кардиналите попладнево одлучиле за наследник на папата Франциск односно...