11.4 C
Ohrid
четврток, март 13, 2025
ПочетнаМакедонијаНа саемот за вработување 500 слободни работни места во Македонија и регионот...

На саемот за вработување 500 слободни работни места во Македонија и регионот – еве кои места и за каква плата

spot_img

Со еден клик на веб-страницата www.regionalensaemzavrabotuvanje.com посетете го најголемиот регионален онлајн-саем за вработување, на кој повеќе од 80 компании од Македонија и регионот бараат вработени за над 500 слободни позиции. Отворени се повеќе од 100 работни места само во Македонија.

<

Компаниите бараат нови вработени во секторите ИТ, трговија и финансии, а секој што ќе го посети саемот, освен што ќе може да аплицира на отворените работни позиции, ќе може и да разговара со својот потенцијален работодавец преку чет или видеоповик.

Саемот трае 8 дена и е достапен 24 часа на ден преку сите десктоп и мобилни уреди.Сè што ви треба е интернет!

Компании изложувачи на саемот се: „А1 Македонија“, „Кроација осигурување“, НЛБ банка, „Македонски телеком“, „Магна интернационал“, „Телеперформанс Скопје“, „Киел Македонија“, „Дата мастерс“, Aptiv, BREON, „Маркарт“, „Костал“, „Алкалоид“ АД Скопје, „Лакталис“, ЕСИ, Loka, Vipper.com и SPAR Hrvatska.

Саемот до денес го посетија над 40.000 посетители од Македонија, а ќе биде отворен до среда (14 октомври), па затоа побрзајте и посетете го на www.regionalensaemzavrabotuvanje.com – можеби вашето ново работно место се крие таму!

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пуцко Петрол: Никогаш не сме доставувале мазут до ЕСМ

Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се споменува во целиот случај, и никогаш не доставувала мазут до ЕСМ. . Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се...

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...