14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев - Министрите ќе работат од дома-онлајн

Заев – Министрите ќе работат од дома-онлајн

Владата денеска треба да одржи онлајн-седница на која се очекува да ги усвои новите мерки предложени од Комисијата за заразни болести за да се спречи ширење на заразата поради големиот број инфицирани од коронавирусот.

Предложено е да се забрани групирање во домовите на семејни прослави, со тоа што во едно живеалиште ќе може да се примаат до четири лица. Нема да биде дозволено групирање на повеќе од четворица на јавни простори по 22 часот, а заштитна маска или прекривка на носот и устата, покрај во затворени простори (јавен објект, работно место, превозно средство), ќе треба задолжително да се носи и при престој на отворено.

Исклучок од носење заштитни маски е предложено за деца до шест години, за лица што спортуваат, при транспорт на членови од едно семејство во приватно возило, при седење во уготителските објекти со почитување на протоколите и во службени простории ако е лицето само во просторијата.

Министерот за здравство Венко Филипче ги соопшти предлог-мерките во четвртокот откако претходниот ден (7 октомври) во земјава имаше 317 заразени во 24 часа, првпат над триста од почетокот на епидемијата. Рече дека според анализите, сериозен процент од новозаразените се токму од прослави и забави во кафулиња и барови каде што е најголема трансмисијата на вирусот.

На прашањето како ќе се контролира одењето на гости, Филипче одговори дека очекува граѓаните да бидат свесни за ризикот од групирање во затворени простори.

– Технички и формално, по пријава може секогаш да интервенира и полицијата, инспекторатите, но е многу битно граѓаните да се свесни во периодот кој е пред нас и да избегнуваат големи семејни настани. Доаѓа период на слави кои се огромен ризик. Верувам дека граѓаните ќе бидат свесни, рече Филипче на прес-конференцијата.

Премиерот Зоран Заев завчера најави дека денешната владина седница ќе се одржи онлајн иако, за разлика од Парламентот,  во Владата, рече, нема заразен или со симптоми.

-По препорака на министерот Филипче и Комисијата за заразни болести ни беше укажано дека согласно со бројките треба да се подготвиме за онлајн владини седници, изјави Заев очекувајќи и Парламентот да донесе таква, како што рече, разумна одлука зашто веќе има двајца инфицирани пратеници.

Владата на некоја од претстојните седници, исто така, треба да ја ревидира одлуката што ја донесе минатиот вторник за влез на државјани од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово во нашата земја без ПЦР-тест, откако три од овие земји ја повлекоа од своја страна одлуката што беше регионална иницијатива по принцип на реципроцитет.

 

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...