Статус на Фросина Ѓорѓиовска од Скопје:
,,Не е ароганција, само е грижа за сопственото време и нерви. И имам апсолyтно право на тоа.
Не сум на фб за да најдам некој да ме свиѓа и пред да решите “другарски” да пишете, прочитајте си пошо преку такво сте ми секојдневно да ми титка тел од пораки од небитни ликови.
Заради превентива од замарање, кое се интензивира во ова време на изолација и бидејќи претерувате и од лажни и од вистински профили, на следниве категории на луѓе ви препорачувам да заборавите дека постои мојот месинџер:
1. Ако си сингл и ти се свиѓам и имаш желба да воспоставиш комуникација со мене, со крајна цел физичка средба и упознавање, заборави дека постојам. Пробај си на друго место, па макар и да си згоден ко Киану Ривс и паметен ко Тесла, одј еби.
2. Ако си женет, а не си ми роднина, другар, колега или познаник, не помислувај на мојот месинџер, затоа што јас ќе помислам на месинџерот на жена ти и ќе добие принтскринови од твојот муабет.
3. Ако не се познаваме лично, помири се со судбината дека овде на фб не ширам познанства и поштеди ме од пораки: здраво, како си? Ооо ти богу на интелектот, како да ти кажам како сум коа не те знам. Од раѓање да почнам да раскажувам? Не фала. Немам желба да кажувам како сум на непознати ликови. А и глупо е.
4. Ако си ми испратил покана за пријателство, а не сум те прифатила, не ми пишувај на месинџер. Видов дека постоиш, ама не те прифаќам затоа што така сакам. Да ми се свиѓаше ќе знаеше.
5. Ако си за нијанса поинвентивен (но не доволно) од овие здраво како си, па ми влезеш со муабет за некој мој статус да ми објаснуваш, да ми кажуваш што мислиш – немој. Знам дека у моментот тестостеронот ти е на најјако уклучен, само си малце попаметен од претходниве, па мислиш нема да се примети зошто си дојден на мојов месинџер. Ако сакаш да споделиш мислење за некој мој статус имаш опција comment.
6. Ако си ми интересен фб лик, а лично не те знам, во смисла да имаш интересни, паметни статуси и интелигентен хумор (а не слики од теретана, слики потпрен на колата или статуси како не зрачат со 5G), јас ќе ти пишев, ќе се посмеевме кратко, строго у контекст на темата и толку.
7. Фб го користам за размена на ставови и мислења во вид на статуси и коментари, а не за да остварувам комуникација со некој што ми е симпатичен. Немам потреба од фб симпатии. Малоумно и шупливо е за мене. Значи само размена на ставови. Ништо повеќе.
Ако ти е дојдено да ми попраиш муабет дека сум ти симпатична, немој, најди си друга што ти е симпарична, кај мене имаш загарантиран неуспех.
Месинџерот го користам исклучиво за блиски луѓе и од овие 3200 пријатели, на месинџер комуницирам само со околу 15 луѓе кои ми се ептен блиски другари. Затоа, ако не ме познаваш лично, не помислувај да ми пишеш.
Може звучи дрско, ама подобро и за вас да не си губите време, а и за мене да не се оптеретувам за џабе, затоа што секоја куцната буква е вложена енергија и време. Бидејќи не сум човек кој игнорира пораки, враќам на сите непознати, нормално со одјеб. Бидејќи почовечки е и дрско да вратиш, отколку да игнорираш или блокираш.
Фала на разбирање и аплауз за издржливоста и нервите на луѓето кои имаат по 10, 20, 100 илјади следачи. Јака им душа со нашиов народ.”
Превземено од Галама